Од врата, па се до наткаснa со HOLZ-HER EVOLUTION 7405

CNC што го собира во секое ќоше

Во дрвната индустрија, ефикасноста и прецизноста се клучни, особено кога просторот е ограничен. EVOLUTION 7405 од HOLZ-HER е идеалното решение за вас ако барате компактен дизајн и високи перформанси во една CNC машина.

Со својот вертикален дизајн, EVOLUTION 7405 заштедува драгоцен простор, овозможувајќи Ви да работите ефикасно дури и во мали работилници. Оваа CNC машина може да се постави насекаде, искористувајќи го секој сантиметар ефикасно. Покрај компактната големина, EVOLUTION 7405 Ви нуди целосна функционалност на поголема машина, без компромис на перформансите.


Запознајте се подобро со EVOLUTION 7405 на видеото

Дел од карактеристиките кои ова CNC ги поседува:

  • CNC машина која зафаќа помалку од 5 м²
  • Четворострано форматирање во еден работен циклус без манипулирање на работното парче
  • Единица за бушење и единица за глодање како стандардни карактеристики
  • 10 годишна гаранција на линеарните водилки
  • Вертикално и хоризонтално бушење
  • Жлебање и гравирање
  • Обработка на материјалот со 6 различни алати од сопствениот автоматизиран магацин
  • Работните парчиња од 1500mm се обработуваат без префаќање, а со тоа заштедувате 35% од работниот процес
  • Максимална ширина на работно парче до 1200mm
  • Со системот ECO MODE на HOLZ-HER заштедете електрична енергија и пари


Како до подетални информации за CNC машината?

За сите прашања и информации околу машините на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!