
Доколку се соочувате со непостојан квалитет на кроењето материјали, чести застои или ограничена функционалност во операциите за сечење? Aко е така, тогаш HОLZ-HER Tectra 6120 Classic е решението што ви е потребно.
Tectra 6120 Classic е кројач дизајниран да ги реши овие вообичаени проблеми, нудејќи прецизно сечење кое го минимизира отпадот од материјалите, а ќе ја подобри и зголеми вашата продуктивност.
Со своите напредни функции за автоматизација, Tectra 6120 Classic обезбедува ефикасни работни процеси, намалувајќи ги застоите и несаканите дополнителни трошоци.
Разновидноста на овој кројач овозможува различни должини и ширини на сечење, што го прави прилагодлив за најразлични проекти.
Дополнително, корисничкиот интерфејс и професионалниот софтверски пакет на машината ја поедноставуваат работата, додека нејзината издржлива конструкција, поддржана од 10-годишна гаранција на сите линеарни водилки, ги намалува трошоците за одржување.
Покрај своите моќни карактеристики, Tectra 6120 Classic има компактна и цврста конструкција која совршено ќе се вклопи во вашиот работен простор. Покрај својот цврст дизајн овој кројач ќе допринесе за штедење на електричната енергија со помош на ECO-MODE кој доаѓа во стандард. Овие технички спецификации го прават овој кројач паметна инвестиција за секоја фирма во дрвната индустрија.
Погледнете го видеото за TECTRA 6120 Classic
| Технички податоци | TECTRA 6120 Classic | Опции |
|---|---|---|
| Основна машина | ||
| Должина × ширина на кроење (mm) |
3,100 × 3,100 4,400 × 3,100 4,400 × 4,250 |
|
| Максимален испуст на листот на пилата (mm) | 82 | |
| Агрегат за сечење | ||
| Моќност на моторот (kW) | 7.5 | 11 |
| Дијаметар на листот на пилата (mm) | 350 × 4.4 × 30 | |
| Брзина (вртежи/min) | 1,000–4,070 | |
| Предрезачки агрегат | ||
| Моќност на моторот (kW) | 2.2 | |
| Дијаметар на листот на пилата (mm) | 180 × 4.4/5.4 × 30 | |
| Брзина (вртежи/min) | 1,000–5,400 | |
| Количка на пилата | ||
| Брзина на движење (m/min) | 1–70 | 1–100 |
| Брзина на враќање (m/min) | 70 | 130 |
| Граничник за ширина | ||
| Брзина на движење (m/min) | 25 | |
| Брзина на враќање (m/min) | 100 | |
| Стеги за работното парче | ||
| Отвор на стегата (mm) | 82 | |
| Должина на кроење 3,100 mm | 5 парчиња | 2 дополнителни |
| Должина на кроење 4,400 mm | 6 парчиња | 3 дополнителни |
| Маси со воздушна перница | ||
| Должина на кроење 3,100/4,400 mm | 3 парчиња | Дополнителни маси од 1,800 и/или 2,400 mm |
| Управување и контрола | Стандарден монитор од 21.5″, оперативен систем Windows | CutControl, екран на допир од 21.5″ |
| Софтвер за оптимизација | EasyPlan | SOLID CUT, управување со материјалот и остатоците, Office пакети, OPTI-BASE, OPTI-PRO |
| Систем за етикетирање | — | Софтвер за печатење, печатач за етикети и скенер за баркодови |
| Тежина | ||
| Тежина (kg) | 4,100–4,900 | |
| Компримиран воздух | ||
| Работен притисок (bar) | мин. 6 | |
| Потрошувачка на воздух NL/циклус на кроење | 32 | |
| Аспирација | ||
| Дијаметар на приклучокот на основната машина (mm) | 1 × 160 | |
| Дијаметар на приклучокот на притисната греда (mm) | 3 × 120 | |
| Капацитет на аспирација (m³/h) | 4,000 | |
| Брзина на воздухот (m/s) | 30 | |
Како до подетални информации за TECTRA 6120 од HOLZ-HER?
За сите прашања и информации околу машините на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
