CUBE 3 од WEINIG, четворострана рамналка

Aвтоматската рамналка Cube 3 се истакнува со својот неверојатно интуитивен и едноставен концепт на работа кој е комбиниран со минимален труд од страна на операторот. Овој напреден систем Ви ја нуди можноста за висока ефикасност и прецизност при обработката на различни димензии на работните парчиња. CUBE 3 значително го намалува потребниот човечки фактор и ќе Ви ја поедностави целокупната работа во вашиот погон или работилница.

ПЕРФЕКТНА ИНТУИТИВНОСТ

cube 3


Cube 3 е најдобар пример за plug-and-play: поставете, вклучете и започнете со рамнење со интуитивна работа од првата минута. За оваа машина нема да имате потреба од долготрајна обука бидејќи поголемиот дел е автоматизиран и поради тоа е доволен само еден оператор кој ќе ја надгледува оваа рамналка.

Брза како и секогаш

ramnalka

Cube 3 е десет пати побрз од традиционалните машини каде деловите мора да се репозиционираат неколку пати за да се добијат посакуваните резултати. Оваа рамналка овозможува работните парчиња да бидат совршено израмнети на сите четири страни во само еден премин.

Цврста како карпа

ramnalka

Основата за високото ниво на квалитет на обработка што го нуди Cube 3 се наоѓа во нејзината робусна и цврста конструкција. Оваа конструкција е резултат на комбинирање на леано железо со DUROCEM база. Со ова ќе ја осигурате стабилноста и издржливоста на машината, овозможувајќи прецизна и сигурна обработка на работните парчиња.

Едноставно и лесно

CUBE 3

Мобилното вретено доаѓа како опција за опрема која со сигурност ќе го олесни вашето работење, особено ако сакате да работите со работни парчиња со различни ширини едно по друго.

Технички спецификации на машината:

Mин. / Mакс. работна висина: 8-160mm
Mин. / Mакс. работна ширина: 15-260mm
Брзина на напојување: 6-12 m/min
MoulderPreView
Автоматско подмачкување на масата
Алатки WEINIG EasyLock
Вкупно поврзано оптоварување: 18kW
Plug&Play


Како до подетални информации за CUBE 3 од WEINIG?

За сите прашања и информации околу машините на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок