DYNESTIC 7505 | Нестинг CNC машина

nesting cnc masina

HOLZ-HER DYNESTIC 7505 e нестинг CNC машина која се истакнува како врвно решение за обработката на панелни материјали. Оваа иновативна нестинг CNC машина е дизајнирана да ги подигне производствените стандарди, нудејќи незаменлива ефикасност и прецизност. Софистицираната технологија на DYNESTIC 7505 овозможува оптимизирано ракување со панели, што ја прави идеална за компании кои се стремат кон иновации во производството на мебел и други дрвни производи. Со своите напредни функционалности и интуитивен дизајн, оваа машина не само што ја забрзува обработката, туку и гарантира изработка на парчиња со совршени димензии и висок квалитет.


Погледнете го видеото за DYNESTIC 7505

DYNESTIC 7505/7507 | Заштедете драгоцено време со нестинг CNC технологијата на HOLZ-HER

Клучни карактеристики и бенефити на оваа нестинг CNC машина:

 “BetterNest” иновативниот софтвер од HOLZ-HER

  • Со “BetterNest” од HOLZ-HER, постигнете оптимална обработка на панели со минимални загуби во материјал и висока ефикасност.

Високо флекибилна маса

  • Освен на рамната маса, работните парчиња може да се обработуваат и на мануелно поставени вакуумски папучи како кај класично конзолно CNC.

Глава за бушење со зголемени можности

  • Дури и во стандардната опрема, моделите DYNESTIC 7505 е опременa со комплетнa глава за бушење со 14 вретена и пила за жлебови.
  • · За повисоки перформанси на бушење, може да се одбере XL глава. Таа располага со до 24 вретена за бушење и пила за жлебови во X-насока

Флексибилно менување на алатот

  • 6-позициониот “Pick-up” менувач е интегриран во основата на машината. Поради пневматски контролираната заштита, тој е заштитен од прашина и пилевина. Достапна е опција за проширување до 12 позиции за алатки.

Една машина – неограничени можности

Поради своите флексибилни опции, DYNESTIC моделите се совршено дизајнирани за обработка на многу различни материјали.

  • Обработката на чувствителни и тешки материјали е овозможена благодарение на воздушните амортизери. “ColdGun” е погоден за синтетички материјали, алуминиум и композитни материјали.
  • Благодарение на “ColdGun“, работните парчиња и алатите за рамнење остануваат постојано ладни. Поради тоа, оваа опција овозможува екстремно долг век на алатите.

Материјали кои DYNESTIC 7505 ги обработува:

  •  Иверица, MDF, HPL, масивно дрво, плексиглас, пластика, цврсти површини, алуминиумски композитни материјали, алуминиумски профил

Интелигентен систем за енергетско управување 

  • ECO MODE за HOLZ-HER машините не само што помага во зачувување на нашата животна средина – туку и Ви ги заштедува вашите финански средства.

Како до подетални информации за DYNESETIC 7505?

За сите прашања и информации околу оваа нестинг CNC и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!