Покрај деталните презентации, промоции, наградна игра, САЕМ ДОМА ’25 ќе биде одлична прилика за вмрежување и ширење деловни контакти.
Со таа цел, специјални гости ќе ни бидат дипломците и студентите од академијата за “Ентериер и продукт дизајн” на Skala School.
Тие ќе ги презентираат своите трудови и завршени проекти и ќе ги понудат своите професионални услуги на сите заинтересирани.
Искористете ја шансата да створите соработка со талентирани архитекти.






За кетерингот ќе ни се придружат пица мајсторите од 15 за 12, кои занаeтот си го имаат доведено до совршенство, а за САЕМ ДОМА ’25 креираа специјални опции кои не се достапни во нивното мени.