Ново поглавје во Србија

srbija yugoimpex

Го шириме нашето регионално присуство

Со голема гордост и задоволство ви соопштуваме дека Yugoimpex ја продолжува својата успешна приказна со значајно проширување на своето присуство во регионот. Од сега, нашата компанија е официјален дистрибутер на брендот Holz-Her на српскиот пазар.

На српскиот пазар ќе делуваме со брендот “NovoDrevo”, име кое е инспирирано од старословнескиот збор за дрво.

Нашата компанија во Србија ќе делува како своја посебна единица, со сопствен showroom, локално сервис одделение и свој лагер за резервни делови. Истовремено, регионалниот центар и нашето седиште ќе остане во Скопје од каде ќе се управвуаат сите регионални операции.

Што значи ова за нашите сегашни клиенти?

Формирањето на новата организација ќе ни овозможи да имаме поголем тим на обучен кадар за инсталација, обука и одржување на машините и опремата кај сите наши клиенти во регионот.

Проширено портфолио на резервни делови на лагер со експресна испорака.

Во изложбениот салон во Србија секогаш ќе се изложуваат различни модели на машини од нашиот салон во Скопје. Со тоа ќе им овозможиме на нашите клиенти презентации на обемен дел од портфолиото на Holz-Her, а тоа да биде на кратка дистанца од Македонија и Косово.

Споделување на знаења, искуства и идеи!

Во Србија, индустријата за дизајн и производство на мебел и ентериери е на завидно ниво и можеби најразвиена во Југоисточна Европа. Со нашата досегашна пракса за вмрежување на нашите клиенти, гледаме вистински потенцијал за успешно споделување на знаења, искуства и идеји.

А како што е тоа пример сега во Македонија и Косово, се надеваме на успешни соработки и партнерства меѓу наши клиенти.

Ова проширување ни овозможува уште подобро да одговориме на растечките потреби на клиентите, со поголеми тимови, поефикасна и целосна услуга на новиот пазар, и најважно, со фокус на квалитет и задоволство на клиентите.

Yugoimpex како сигурен партнер за развој на вашиот бизнис

Без разлика дали сте дел од нашата приказна од почеток или штотуку ни се придружувате, вашите потреби и интереси остануваат наш врвен приоритет.

Довербата и успешните соработки што ги изградивме низ годините се нашата мотивација да Ви нудиме многу повеќе од машини и опрема. Ви обезбедуваме експертиза, стручна поддршка и иновативни решенија кои ја зголемуваат продуктивноста, ја зајакнуваат конкурентноста и овозможуваат сигурен развој на вашиот бизнис.