
LUMINA 1594 е дел од серијата LUMINA Industry и претставува високопродуктивна кантерица со должина од 6,5 m. Машината ги комбинира LTRONIC ласерското лепење и Glu Jet PUR системот за лепење, со што овозможува невидливи и водоотпорни споеви.
Оваа комбинација на технологии обезбедува брзо и економично лепење со максимум 60 mm дебелина на работното парче и до 20 mm ширина, без видливи фуги, дури и кај материјали како MDF и композитни панели.
Што нуди оваа кантерица?
За целата LUMINA индустриска серија:
- Системи LTRONIC и Glu Jet за невидливи фуги.
- iTronic – интелигентна автоматика која ги прилагодува притисокот, количината на лепак и другите параметри.
- LED дисплеј за лесна ориентација на операторот.
- Делови со дебелина до 60 mm и кант траки со ширина до 20 mm.
Самата LUMINA 1594 нуди дополнително:
- Невидлив спој со ласерско лепење и водонепропустлив спој преку Glu Jet.
- Интегрирана мултифункционална единица за сечење и обликување канти.
- Интуитивна работа преку 21,5” touch екран.
iTronic – интелигентна автоматика
iTronic пакетот ги автоматизира клучните елементи на машината, овозможувајќи константен квалитет без рачна интервенција:
- Адаптивен притисен валјак што ја прилагодува сила во зависност од дебелината на кант траката, спречува вибрации и ги намалува истрошувањата.
- Автоматска единица за притисок со синхронизиран погон и NC‑серво оски која се приспособува на брзината и го коригира притисокот за секој материјал.
- Контрола на количина на лепак – системот автоматски дозира PUR или EVA лепак според материјалот, дебелината и брзината на внес, со автоматско чистење по завршувањето.
- Сензор за преостаната количина лепак што покажува колку метри обработка преостануваат, оптимизирајќи го процесот на чистење.
ECO MODE – Интелигентна заштеда на енергија: Паметен систем кој автоматски ја намалува потрошувачката на електрична енергија во периоди на мирување, со што се намалуваат трошоците за струја.
Погледнете го видеото за LUMINA 1594
| Технички податоци | LUMINA 1594 со Glu Jet automatic |
| Вкупна должина A (mm) | 7460 |
| Вкупна должина со воздушна маса и продолжен излез B (mm) | 8960 |
| Ширина x висина (mm) | 1368 x 2223 |
| Тежина (kg) | 4000 |
| Брзина на подавање (m/min) | 10 – 25 |
| Минимална должина на парче (mm) | 140 |
| Минимална ширина на парче (mm) | 60 |
| Дебелина на парче (mm) | 8 – 60 |
| Ширина на кант (mm) | 0,4 – 8 (15) |
Како до подетални информации за LUMINA 1594 од HOLZ-HER?
За сите прашања и информации околу LUMINA 1594 слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!
