EPICON 7235, 5-осно CNC од HOLZ-HER

HOLZ-HER EPICON 7235 е високоперформансно 5-оснo CNC наменето за професионална обработка на дрво и панели во најзахтевните производствени околини. Оваа машина е опремена со моќен 5-осен агрегат – современ CAMPUS софтвер со NC-HOPS модул и напреден систем за контрола на колизии. Oвa 5- осно CNC нуди извонредна прецизност, стабилност и брзина на обработка.
EPICON 7235 обезбедува максимална флексибилност за сите видови 3D операции, идеален за индустрии кои бараат највисоко ниво на квалитет и автоматизација.


Предности што ги нуди ова CNC:

CAMPUS – висококвалитетна, едноставна и кориснички ориентирана контрола на машини од HOLZ-HER.

Контролата на HOLZ-HER е интегрирана во секоe CNC и стандардно го вклучува CAMPUS/NC Hops пакетот за ефикасна обработка и едноставно ракување. ECO Mode автоматски го намалува трошокот на енергија во „standby“ режим.

CAMPUS aCADemy нуди целосен CAD/CAM пакет со повеќе опции за увоз, 3D приказ и симулации, како и целосна контрола на Z-оската преку NC Hops едиторот.

Easy Snaps и интелигентните макроа го забрзуваат програмирањето.

Работната станица ја прикажува зафатеноста на масата, а алатите, бушилиците и патеките автоматски се оптимизираат, со автоматско пресметување на времето на обработка.

MT Manager – менаџерот за алати овозможува јасно и графичко подесување со „Drag & Drop“ функција.

Вклучена е и симулација на обработка.

Отворената софтверска архитектура овозможува едноставна интеграција на постоечки податоци и поврзување со широк спектар индустрии, дизајнерски системи и CAD/CAM решенија.

Со 5 интерполациски оски

Динамика, моќ и перформанси

Производството на различни типови мебел – по мерка или сериско производство, скалила, врати и друго – опремата на EPICON го нуди вистинското решение за секоја примена.

  • Стандардна 5-осна глава на карданска подлога е дел од опремата на EPICON. Цврст дизајн со керамички лежишта од двете страни и голем од на Z-оската.

Ефективна висина на обработка до 300 mm

Со растојание од 300 mm од врвот на усисните чаши, EPICON серијата на HOLZ-HER нуди исклучителна флексибилност за примени како што се изработка на скалила и модели.

10 години гаранција на сите линеарни водилки

  • Калени и заштитени линеарни водилки за сите осни движења гарантираат извонредна прецизност.

Уникатно: 10 години гаранција на сите линеарни водилки.

Мултифункционална обработувачка глава

  • Дупчење, сечење, обликување и жлебење – обработувачката глава на EPICON серијата е опремена за повеќенаменска употреба.
    Таа е идеална за производство на едноставни и комплексни елементи во континуирана работа.
  • Интегрираниот и компактен дизајн ја прави оваа глава пример за динамична работа, забрзување и прецизно позиционирање. Дури и со основната опрема, ова 5-осно CNC нуди широк спектар на обработки.

ECO MODE – поголема ефикасност, помали трошоци

ECO MODE интелигентно ја прилагодува потрошувачката на енергија според активноста во процесот, со што се избегнува непотребно трошење при мирување. Овој пристап директно придонесува за намалување на оперативните трошоци и реална заштеда на средства, додека во исто време се одржува стабилна и ефикасна работа.


Погледнете го видеото за EPICON 7235 од HOLZ-HER

EPICON 7235 EPICON 7335
Димензии на обработка во X / Y насока 3680 / 4580 / 5480 / 6380 / 7280 mm
1650 mm
3680 / 4580 / 5480 / 6380 / 7280 mm
2100 mm
Векторска брзина 131 m/min
Главна единица (вретено) 13 kW, ладење со течност, 1.000–24.000 o/min 18 kW, ладење со течност, 1.000–24.000 o/min
ChipControl, Bluetooth сензор на вретено
Бушилица L глава 21 вретено (15 V / 6 H), вкл. единица за сечење во X насока
Двојна бушилица во Y насока
Двојна бушилица во X насока
Единица за сечење во Y насока
Бушилица XL глава 31 вретено (35 V / 6 H), вкл. единица за сечење во X насока
Двојна бушилица во Y насока
Двојна бушилица во X насока
Единица за сечење во Y насока
Поддршка за работно парче 6 конзоли, пневматски стеги, по 1 граничник напред и назад
2 усисни чаши 115×140×125 mm
VISE LED маса, приказ на конзоли и усисни чаши, тип усисни чаши и нивна ротација во чекори од 15° со LED индикатор
Synchro Drive-маса, целосно автоматска, софтверски контролирано синхро позиционирање на конзоли и усисни чаши
Безбедносна опрема Сигурносна подлога
Вакуум стегање 100 m³/h вакуум пумпа, верзија за суво работење
Дополнителни вакуум пумпи за суво работење
Менувач за алати Подвижен магазин (рамка) за 18 алати во X насока
Подвижен магазин (рамка) за 24 алати во X насока
Едностран магазин за пили со голем дијаметар до 350 mm
Линеарен pick-up магазин за 14 алати, монтиран на десната страна на машината
Софтвер CAMPUS софтвер, лиценца за машина + aCADemy CAD/CAM модул
CAMPUS 3D симулација на отстранување материјал
CAMPUS софтверска лиценца за канцеларија
5-осно симултано сечење
Надзор на машината viaCockpit

Како до подетални информации за ова 5-осно CNC?

За сите прашања и информации околу ова CNC и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!