
HOLZ-HER EVOLUTION 7405 Connect е вертикален CNC центар кој претставува најнапредно решение за целосна обработка на плочести материјали во ограничен простор. Овa вертикалнo CNC овозможува прецизно сечење, глодање и дупчење на повеќе страни од елементот без потреба од негово преместување, со што се добива максимална точност и ефикасност.
Интегрираниот Lamello P-System и паметното позиционирање овозможуваат брзо спојување на деловите, додека CAMPUS софтверот со NC-HOPS модулот обезбедува едноставно програмирање и целосна автоматизација на процесот.
EVOLUTION 7405 Connect е идеално вертикално CNC за производствени погони кои бараат врвна прецизност, сигурност и современа CNC технологија во компактен формат.
Некои од карактеристиките што ги поседува овa вертикално CNC:
Doors Ready – Опционален пакет за обработка на врати
- Моделите EVOLUTION сега се пофлексибилни од кога и да е во однос на висината на работниот елемент, благодарение на зголемениот минлив отвор од 1.200 mm.
- Опционалниот пакет EVOLUTION за врати, кој се состои од специјално развиен аголен пренос за обработка на брави и глодала за брави, ги проширува можностите на овој вертикален CNC од HOLZ-HER.
- Овој пакет овозможува целосна обработка на крилата од вратите со максимална дебелина до 70 mm. Процесот ја опфаќа обработката на страната на шарките и страната на бравата во два стегања. Глодалото со дијаметар од 16 mm дозволува длабочина на сечење до 115 mm, што овозможува обработка на куќишта за брави со различни димензии.
- Дупките за рачки и брави можат прецизно да се изведат со помош на HOPS макро. По вртењето и повторното стегање на крилото, можно е изработување на лежишта за шарки кај фалцувани врати, како и вградување скриени шарки или објектни/технички окови.
Едноставно. Ефикасно. Исплатливо. – Од панели до готов мебел
xcut софтверот ги прикажува сите тековни задачи на екранот на машината, овозможувајќи му на операторот совршен преглед на процесите.
Предности на xcut:
• xcut маса – продолжена влезна маса за сигурно водење на долги летви.
• База на работни елементи – „магацин“ со отворен CSV интерфејс, HOP увоз и функција за сортирање.
• Ласерско мерење – автоматско мерење на ширина и должина на летвите со препознавање на остатоци.
• Автоматско форматирање – форматирање на должина и ширина преку X и Y глодање.
• Идентификација на елементи – лесно вчитување програми со опционален баркод скенер и означување преку Easy Label принтер и софтвер за етикетирање.
Connect пакет: Обработка на споеви на сите работни страни
- EVOLUTION 7405 Connect овозможува глодање џебови и сечење лежишта за широк спектар на спојни елементи — на сите четири работни страни од елементот.
- Со ова вертикално CNC имате целосна слобода во изборот на технологија за спојување. Благодарение на однапред дефинираните макроа што доаѓаат со машината, покрај дупчењето за типли и лежишта за Cabineo спојници, оваа верзија овозможува и глодање џебови за Lamello Clamex спојници во X и Y правец, како и на сите четири страни на плочата. Корисникот сам избира кои спојни елементи ќе ги користи во зависност од проектот.
Уште поголема сила на дупчење – сега и со XL глава за дупчење
- Благодарение на XL главата за дупчење, опсегот на примена и разновидноста на вертикалниот обработувачки центар се дополнително проширени. Главата располага со до 22 вретена, што овозможува ефикасно дупчење редови на дупки, конструкциски и проодни отвори — со значително намалување на времето потребно за промена на алат.
- Особено се издвојува можноста за вградување дополнително двојно вретено во Y-правец и зајакнато вретено за дупчење шарки, со што се постигнува извонредна флексибилност. На овој начин може да се дупчат дупки со дијаметар од 5 mm и 8 mm на страничните површини на елементите — и во X и во Y-правец — што му овозможува на корисникот максимална прецизност и заштеда на време.
ECO MODE – паметно управување со енергија
ECO MODE автоматски го приспособува енергетското работење според моменталната активност, со што се избегнува непотребна потрошувачка при паузи во процесот. Овој режим придонесува за намалени трошоци, поголема ефикасност и поеколошки пристап во секојдневното работење.
Погледнете го видеото за EVOLUTION 7405 Connect
| Технички податоци | EVOLUTION 7405 Connect | Опции |
| Димензии на обработка во X-правец (mm) | 3200 | |
| Димензии на обработка во Y-правец (mm) | 920 | |
| Ход во Z-правец (mm) | 1500 | |
| Висина на обработка во Z-правец (mm) | – | |
| Главна единица за глодање | 10,3 kW, брзина 1.000 – 24.000 o/min | |
| Линеарна водилка | Подеслива по висина за 4-страно глодање и профилирање | |
| Векторска брзина | 68 m/min | |
| Безбедносна опрема | CE стандард | |
| Поддршка за работен елемент | Масивни валчести лежишта вклучувајќи 2 граничника | |
| Бушачка глава | 15 вретена (9 V / 6 H) + тестерица во X-правец | 19 вретена (13 V / 6 H) + тестерица во X-правец, двојно вретено во Y-правец |
| Систем за стегање на работниот елемент | Автоматски позициониран вакуум систем | ECO-Vac пумпа 8 m³/h |
| Менувач на алат | Pick-Up систем со магацин за 6 алати | Единичен магацин што се врти во X/Y правец |
| Сетови алати | Аголен пренос за Lamello P систем, Clamex адаптер, 4-осен Clamex сет | Сет алати за стандардна и XL бушачка глава |
| Макс. димензии на алат | Ø 80 mm, должина 80 mm | |
| Софтвер | CAMPUS V7 CAD/CAM + aCADEmy + CabinetControl Base | CAMPUS Pro + CabinetControl Pro |
| Тежина (kg) | 2500 | |
| Вкупна должина (mm) | 3675 | |
| Вкупна висина (mm) | 2350 | |
| Вкупна длабочина (mm) | 1660 | |
| Евакуација (mm) | 2 × Ø120 + 1 × Ø140 |
Како до подетални информации за EVOLUTION 7405 Connect?
За сите прашања и информации околу ова вертикално CNC и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!
