
HOLZ-HER DYNESTIC 7507 е моќен Nesting CNC машински центар од нова генерација, развиен за висока продуктивност и прецизност во индустриската обработка на дрво и панели. Овaa NESTING CNC машина комбинира робусна конструкција, совршена контрола на движењето и интелигентни софтверски функции. Со ова се овозможува брза, стабилна и сигурна обработка дури и на најсложените елементи.
Благодарение на напредниот CAMPUS софтвер со NC-HOPS модул, DYNESTIC 7507 обезбедува оптимално искористување на материјалот, прецизно позиционирање и висок квалитет на обработка. Добивате идеално решение за современи производствени погони кои бараат максимална ефикасност и технолошка предност.
Кои се предностите на DYNESTIC 7507 од HOLZ-HER
BetterNest – оптимален софтвер за нестинг
- BetterNest е иновативен софтвер за оптимизирано сечење и обработка на панели. Порастот на популарноста на нестинг технологијата како комбинирано решение за сечење и CNC обработка на големи количини плочи ја наметна потребата од понапредни софтверски решенија.
- Поради тоа, HOLZ-HER го нуди BetterNest како дополнителен модул за CAMPUS / NC Hops софтверот, кој се користи на функционалните нестинг центри од серијата DYNESTIC.
- Овој модул е достапен во две верзии. Правоаголен нестинг или како верзија со слободна форма (free-form), со целосно нов алгоритам кој овозможува минимални загуби при сечење во споредба со конвенционалните нестинг програми.
- Благодарение на едноставната употреба и високата флексибилност, BetterNest значително го олеснува програмирањето. Независно дали сте во во канцеларија, или директно на машината, се обезбедува максимална сигурност на процесот.
Глава за бушење со можност за надградба
- Дури и во стандардната опрема, моделите DYNESTIC 7505 и 7507 доаѓаат со целосно опремена глава за бушење со 14 вретена и пила за жлебување во X-насока.
- За уште повисоки перформанси при бушење, достапна е XL верзија на главата за бушење, со до 24 вретена и пили за жлебување, со што се постигнува максимална прецизност и ефикасност при обработката.
- Ова решение обезбедува сигурни резултати и претставува идеален избор за професионални производители на мебел и панели со високи барања за точност, развиено од HOLZ-HER.
Флексибилен менувач на алати
- Шестпозициониот „Pick-up“ менувач на алати е интегриран во основата на машината. Благодарение на пневматски управуваниот заштитен капак, алатите се сигурно заштитени од прашина и струготини за време на работата.
- Достапна е и опција за проширување до 12 позиции за алат, што овозможува поголема продуктивност и флексибилност во различни процеси на обработка.
- Дополнително, опционално може да се вгради и X/Y екстензија на менувачот за DYNESTIC моделите со аголен пренос, со што се зголемува ефикасноста и се забрзува промената на алатите.
10 години гаранција на сите линеарни водилки
- Висококвалитетните компоненти, како заштитените линеарни водилки на сите оски, обезбедуваат долги години прецизна и сигурна работа. Оптимизираната и исклучително цврста конструкција на машината, заедно со стабилните работни маси, гарантира врвни резултати при обработката.
ECO MODE – интелигентна енергетска оптимизација
ECO MODE е интелигентна функција за управување со енергијата која автоматски ја оптимизира потрошувачката според активниот работен циклус. Со намалување на непотребните енергетски оптоварувања при мирување, ECO MODE овозможува пониски оперативни трошоци, стабилни перформанси и поодржлив производствен процес.
Погледнете го видеото за DYNESTIC 7507 Nesting CNC
| Технички податоци | DYNESTIC 7507 10.7 classic |
|---|---|
| Димензии на обработка во X насока (mm) | 3.100 / 4.600 |
| Димензии на обработка во Y насока (mm) | 2.200 |
| Векторска брзина | 100 m/min |
| Главна обработна единица | 8 kW, воздушно ладена, 1.000–24.000 o/min |
| Бушачка глава L | 14 вретена (10 вертикални / 4 хоризонтални), вклучувајќи единица за жлебување во X насока |
| Автоматизација | Автоматски туркач за исфрлање со интегрирана евакуација, транспортна лента со подвижна трака |
| Поддршка за обработка | Нестинг маса со континуирано вакуумско поле |
| Безбедносна опрема | Светлосна бариера |
| Вакуум систем | 2 × 140 m³/h, сува вакуум пумпа без одржување |
| Менувач на алати | 6-позиционен Pick-up менувач на алати во рамката на машината |
| Софтвер | CAMPUS софтверски пакет со aCADemy CAD/CAM модул и CabinetControl Base |
Како до подетални информации за DYNESETIC 7505?
За сите прашања и информации околу оваа нестинг CNC и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
