TECTRA 6120 power, хоризонтален панелен кројач

horizontalen panelen krojac

TECTRA 6120 Power од HOLZ-HER е високоефикасенсен хоризонтален панелен кројач, дизајниран за најзахтевните производствени погони. Оваа „power“ верзија се издвојува со издигнување на пилата до 95 mm, опција за мотор до 15 kW и исклучителни забрзувања. Со ова добивате брза и прецизна обработка на големи количини панели. Благодарение на софистицираниот софтвер CUT CONTROL 2, оптимизацијата на сечењето и робусната конструкција, TECTRA 6120 Power овозможува максимална продуктивност, минимални загуби и врвен квалитет при секое кроење. Идеално решение за погони кои бараат брзина, флексибилност и технолошка предност во областа на раскрој на плочести материјали.


Предности кои ги добивате со TECTRA 6120 power

Професионален софтверски пакет
Софтверскиот пакет HOLZ-HER OPTI е наменет за подготовка и оптимизација на кроењето, нудејќи максимална прецизност, ефикасност и целосна транспарентност во производството. Покрај механичката точност, кројачите се одликуваат со напредни функции и софтверски решенија.

Достапни се две верзии на OPTI софтверот:

OPTI-Base – основна верзија за класичен почеток во подготовката на сечењето.

OPTI-PRO – професионална верзија која овозможува целосна транспарентност во производството, со дополнителни модули за пресметка на сечење, кантирање и трошоци.

Пневматски контролирана аголна притисна единица

  • Пневматски контролираната аголна притисна единица (до 1.200 mm) сигурно го фиксира работното парче во точна позиција, гарантирајќи прецизно сечење дури и кај подолги елементи.
  • Без разлика дали станува збор за стандардната „Power“ верзија или друга опција, овој систем нуди исклучителна точност со програмски контролирано и оптимизирано движење по линеарни водилки, неограничено до 1.200 mm.
  • Предпозиционирањето значително го скратува работниот циклус и го зголемува вкупниот капацитет на сечење.

Единица за аголно сечење
Прецизни димензии – совршено точно кроење.

Опционалната единица за аголно сечење овозможува слободно дефинирање на аглите и прецизно позиционирање за сите видови материјали.

  • Програмски контролирана пресметка на геометријата на аголот
  • Можност за внес на должини или на самите агли
  • Автоматско дефинирање на позицијата во однос на работното парче што се крои
  • Автоматско позиционирање на надолжниот граничник и аголниот граничник на пилата

10-годишна гаранција на сите линеарни водилки
Висококвалитетните компоненти, како заштитени, калени и прецизно обработени линеарни водилки на сите оски, обезбедуваат долгорочна сигурност и прецизна работа. Оптимизираната и исклучително цврста конструкција на машината гарантира врвни резултати при обработката.

ECO MODE

Едноставна заштеда на енергија


Погледнете го видеото за овој хоризонтален панелен кројач

Технички податоци TECTRA 6120 Power Опции
Основна машина 6120 Power Систем за складирање со вакуум
Единица за порамнување на панели
Должина × ширина на сечење (mm) 3.100 × 3.100
3.100 × 4.250
4.400 × 3.100
4.400 × 4.250
Погони
Макс. издигнување на пилата (mm) 95
Пила
Моќност на мотор (kW) 11 15 kW, со регулација на брзина
Дијаметар на пила (mm) 380 × 4,4 × 30
Брзина (rpm) 1.000 – 4.070 1.000 – 5.000
Предрезач
Моќност на мотор (kW) 2,2
Дијаметар на пила (mm) 180 × 4,4 / 5,4 × 30
Брзина (rpm) 1.000 – 5.400 1.000 – 6.500
Постформинг
Моќност на мотор (kW) 2,2
Дијаметар на пила (mm) 280 × 4,55 × 30
Брзина на поместување (m/min) 1 – 100
Брзина на враќање (m/min) 130
Надолжен граничник
Брзина на поместување (m/min) 25
Брзина на враќање (m/min) 100
Стеги за работни парчиња
Отвор на стега (mm) 94
Должина на сечење 3.100 mm 5 парчиња +2 дополнителни
Должина на сечење 4.400 mm 6 парчиња +3 дополнителни
Воздушни работни маси
Должина 3.100 / 4.400 mm 3 парчиња Дополнителни маси 1.800 и/или 2.400 mm
Управување и контрола CutControl, 21,5” монитор, Windows оперативен систем 21,5” touchscreen
Оптимизациски софтвер EasyPlan, SOLID CUT, управување со материјал и остаток Office пакет, OPTI-BASE, OPTI-PRO
Систем за обележување Софтвер за печатење, печатач за етикети, баркод скенер
Компримиран воздух и одсисување
Тежина (kg) 4.100 – 4.900
Работен притисок (bar) мин. 6
Потрошувачка на воздух NL / циклус 32
Одсисување
Приклучок на главната машина (mm) 1 × 160
Приклучок на притисна греда (mm) 3 × 120
Капацитет на одсисување (m³/h) 4.000
Брзина на воздух (m/sec) 30

Како до подетални информации за TECTRA 6120 power?

За сите прашања и информации околу овој хоризонтален панелен кројач и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!