
Во современото производство на мебел, кантериците работат со висок интензитет, но не секогаш континуирано. Честите паузи помеѓу работните парчиња, подесувањата и кратките прекини во производството често значат непотребна потрошувачка на електрична енергија, што директно влијае врз оперативните трошоци.
Токму тука клучна улога има ECO MODE, интелигентен систем за управување со енергија, дизајниран да ја намали потрошувачката на струја без да се наруши продуктивноста и квалитетот на обработката.
Како функционира ECO MODE кај кантериците?
Кога ќе престанете со дотур на работни парчиња во машината, ECO MODE автоматски:
- ги префрла моторите во standby режим и не троши електрична енергија
- го елиминира непотребното загревање и празна работа на агрегатот за лепило.
Во моментот кога производството продолжува, доволно е притискање на копче и кантерицата повторно е подготвена за работа.
ECO MODE со PLC управување – максимална заштеда при мирување

Кај HOLZ-HER кантериците со PLC управување, ECO MODE функционира како автоматски standby систем кој ги деактивира сите агрегати веднаш штом нема внесување на работни парчиња. Единствено активен останува aгрегатот за лепење до одреден прилагодлив, временски период.
Во овој режим, потрошувачката на електрична енергија се намалува на нивото на грејачот за лепак (приближно 2,3 kW), кој што се вклучува и исклучува за да ја одржува температурата, што кај просечна машина значи најмалку 80% заштеда во споредба со нормален работен режим.
Доколку во рок од 5 минути не се внесе работно парче, GluJET агрегатот за лепење се гаси при што заштедата на електрична енергија е речиси 100%.
Конкретни придобивки што директно штедат ресурси
Со ECO MODE се постигнува:
- повисока енергетска ефикасност
- пониски оперативни трошоци
- намалена амортизација
- еко производство со помало загадување
Со ECO MODE, кантериците не само што штедат електрична енергија, туку стануваат поефикасни и поприлагодени на современото, еко производство.
Како до подетални информации за ECO MODE системот од HOLZ-HER?
За сите прашања и информации околу ECO MODE слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!
