
Панелните кројачи се меѓу најмоќните машини во производствениот погон и истовремено значајни потрошувачи на електрична енергија. Особено за време на мирување, подесувања или чекање на материјал, непотребната потрошувачка може значително да ги зголеми трошоците.
Со ECO MODE, панелните кројачи со притисна греда добиваат интелигентно решение за оптимално користење на енергијата.
Интелигентна работа при мирување
Целосно прилагодливо: Корисниците можат сами да подесат за кој временски интервал сите агрегати во машината ќе влезат во мирување.
- Интелигентен буткач: Позиционирање на буткачот соодветно со следното парче во оптимизацијата. Заштеда на време, електрична енергија и непотребно амортизирање на машината.
Со повторно притискање на Control Voltage или Start копчето, машината е подготвена за работа за една секунда.
Флексибилно управување и мерлива заштеда
Управувањето и подесувањето се вршат преку софтверот на панелниот кројач со притисна греда, што овозможува флексибилно прилагодување на ECO MODE според реалниот производствен процес. Благодарение на ова интелигентно управување, се постигнува заштеда на електрична енергија од околу 20–25% во споредба со конвенционалната технологија.
Покрај заштедата на енергија, ECO MODE придонесува и за:
- намалена амортизација
- пониска бучава
- помало загадување во работната средина
Во современото производство на мебел, кантериците работат со висок интензитет но не секогаш континуирано. Честите паузи помеѓу работните парчиња, подесувањата и кратките прекини во производството често значат непотребна потрошувачка на електрична енергија, што директно влијае врз оперативните трошоци.
Токму тука клучна улога има ECO MODE, интелигентен систем за управување со енергија, дизајниран да ја намали потрошувачката на струја без да се наруши продуктивноста и квалитетот на обработката.
Како до подетални информации за ECO MODE системот од HOLZ-HER?
За сите прашања и информации околу ECO MODE слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!
