WEINIG SOLID PRESS B – флексибилна преса за лепење

SOLID PRESS B

Постојат многу причини зошто компаниите инвестираат во WEINIG пресa за лепење, а една од најважните е нивната висока продуктивност и сигурност. Со SOLID PRESS B, WEINIG отвора ново поглавје во производството на масивно дрво.

Целосно редизајнирана, SOLID PRESS B нуди широк спектар на примени кој овозможува обработка на различни производи. Панели и греди, па сè до прозорски елементи со висина на лепење до 160 mm.

Благодарение на модуларниот концепт, машината може да се надградува од рачно управување до целосно автоматизирана производствена линија. Секое конфигурациско ниво е опремено со најнова високофреквентна технологија, овозможувајќи брзо, стабилно и квалитетно лепење.

За уште поголема ефикасност и оптимизација на производството, оваа преса за лепење може лесно да се интегрира со останатите системски решенија од WEINIG Group.

Како и секогаш, WEINIG обезбедува врвен квалитет, сигурност и долгорочна стабилност во производството. Ова е предност која прави разлика на современиот пазар.


Што Ви нуди оваа преса за лепење

Автоматска контрола на високата фреквенција

Контролата на високофреквентното поле е целосно автоматизирана, што овозможува помалку рачни прилагодувања на високофреквентниот генератор и поедноставно користење. Дополнително, се обезбедува оптимално внесување на енергија и пократко време на пресување.

Интелигентна технологија за загревање

Високофреквентната технологија овозможува пократки циклуси на пресување и создавање на цврсти и стабилни споеви, како и панели и греди без внатрешни напрегања. Се загреваат само лепените споеви, за поефикасен и поконтролиран процес на лепење.


Погледнете го видеото за SOLID PRESS B од WEINIG

Намени Технички податоци
Панели Должина на дрво: 650 – 6.200 mm
Ширина на ламела: 30 – 150 mm
Дебелина на ламела: 20 – 60 mm
Ширина на панел: max. 650 / 1300 mm
Прозорски елементи и греди Должина на дрво: 650 – 6.200 mm
Ширина на ламела: 50 – 160 mm
Дебелина на ламела: 12 – 50 mm
Димензии и капацитет 3100 × 650 mm — 5 – 20 m³
3100 × 1300 mm — 10 – 40 m³
4600 × 650 mm — 8 – 30 m³
4600 × 1300 mm — 16 – 60 m³
6200 × 650 mm — 10 – 40 m³
6200 × 1300 mm — 40 – 80 m³

Како до подетални информации за оваа преса за лепење?

За сите прашања и информации околу SOLID PRESS B и сите машини на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!