Автоматизација во дрвната индустрија

avtomatizacija vo drvnata ndustrija

Што ни носи иднината во дрвната индустрија?

Во ерата на брзи технолошки промени, дрвната индустрија во Македонија не заостанува. Yugoimpex неодамна имаше привилегија да претстави значителен напредок во автоматизација на дрвната индустрија и употребата на роботика, која ја претставува иднинатa на оваа традиционална индустрија.

На 21 февруари, оваа година, во просториите на Yugoimpex се одвиваше настан кој го обележа почетокот на една нова ера во дрвната индустрија. Со презентацијата на нашето пионерско решение за интеграција на роботска рака Fanuc, со Evolution 7405, која функционира без потреба од човечки надзор и испорачува резултати со исклучителна прецизност и успешно ги надмина очекувањата и постави нови стандарди во индустријата.

Овој настан не само што ги истакнува нашите иновативни капацитети, туку и ги поттикнува компаниите да размислуваат за воведување на слични технологии во своите операции, поттикнувајќи ги кон поефикасна, попрецизна и напредна иднина.

Кое е решението што го развивме со нашите партнери?

Решението кое го презентиравме беше само мал увид во можностите на автоматизацијата во дрвната индустрија и роботизацијата. Во соработка со нашите партнери, Manex Corporation, наш фокус ќе биде автоматизација на различни процеси при производство на мебел.

Уникатноста на оваа проблематика ни дозволува да развиваме решенија по мерка, односно tailor made solutions, прилагодени за секој клиент и процес на производство посебно.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу револуционерните решенија во дрвната индустрија и како да ги имплементирате, дознајте повеќе на: 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Какви се нашите впечатоци од посетата на Blum во Брегенц, Австрија?

blum-avstrija

Од 19ти до 21ви март, имавме привилегија да го посетиме седиштето на Blum, познатиот производител на функционален оков за мебел во Брегенц, Австрија. Оваа посета беше важна не само за нас туку и за нашите долгогодишни партнери кои беа дел од ова патување.

Патувањето ни овозможи да сфатиме каков квалитет внесува Blum во секој од нивните производи. Еден од најзначајните моменти беше набљудувањето на производствениот процес на Merivobox. Овој процес нè увери во нивната посветеност кон прецизностa и иновациите.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

blum-avstrija
  • Оковите на Blum се произведуваат само од одреден тип на челик кој се произведува само на неколку места во Европа.

Деталната презентација во процесот за контрола на квалитет нè запозна со строгите критериуми кои секој производ мора да ги исполни. Сè од изработка до завршна проверка, секој чекор е дизајниран да осигура дека продуктите не само што ќе ги задоволат, туку и ќе ги надминат очекувањата на корисниците.

Исто така, имавме можност да ги видиме процесите за развој на нови производи. Ова ни покажа дека Blum секогаш бара начини да ги подобри своите производи и да гарантира дека секој нов производ е врвен во својата класа.

Клучен дел од нашата посета беше откривањето на филозофијата на Blum за непрекината иновација и одржување на врвен квалитет. Ова не само што ги збогати нашите знаења, туку и нè инспирира да стремиме кон слични вредности во нашата работа.

Дополнително, во интеракцијата со вработените во Blum, можевме да ја почувствуваме посветеноста која во секој аспект на нивната работа.

ЗА ПРИМЕР:

blum-avstrija

Голем удел во успехот на Blum има и програмата за дуално образование во соработка со домашното министерство за образование. Идните инжинери на Blum, своето образование и кариера ја почнуваат веднаш по завршување на основното образование. Преку реални примери и пракса, учениците ги совладуваат неопходните знаења и вештини кои ќе им бидат неопходни за нивната кариера во Blum.
Доказ за успехот на оваа програма е податокот дека дури 80% од учениците по завршување на средното образование веднаш се вработуваат Blum, додека пак дури 50% од сите ученици целата своја кариера ја поминуваат во Blum.

Гостопримство кое ги надмина сите наши очекувања!

За да не помине нашата посета во Австрија само како обично деловно патување, нашите домаќини ни приредија исполнета гастрономска агенда со локални специјалитети и традиционална музика. Лесно може да се види зашто Боденското езеро, каде што бевме сместени е елитна туристичка дестинација.

Заклучокот од нашата посета е дека успехот на Blum не е случаен, туку резултат на години темелна работа, истражување и посветеност. Ова е доказ дека нашите клиенти секогаш добиваат производи и услуги кои се во согласност со највисоките стандарди на индустријата.

Ние се враќаме со обновена енергија и инспирација да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти, следејќи го примерот што ни го постави Blum.