Впечатоци од белградскиот саем 2025

Од 8 до 12 октомври 2025 година, YUGOIMPEX/NOVODREVO беше дел од 61. Меѓународен саем на машини и алати за дрвна индустрија во Белград.
Настанот беше можност за директен контакт со посетителите и за споделување на нашето искуство од секојдневната работа во индустријата.

Преку демонстрации во живо, ги претставивме најновите HOLZ-HER решенија и покажавме како практичните технологии можат да го направат производството поефикасно и поорганизирано.
Многу посетители се интересираа за процесите, поставуваа прашања и разговараа со нашиот тим за конкретни предизвици од нивната работа.

Овие средби создадоа вистински дијалог и потврдија колку е важно знаењето да се споделува.
Саемот ни овозможи да ја размениме таа енергија со луѓе кои ја ценат технологијата и професионалниот пристап – исто како и ние.


Демонстрации и презентации во живо

Посетителите уживаа во демонстрации во живо, каде што одблиску ја почувствуваа прецизноста и ефикасноста на модерното производство.
Секој дел од презентацијата беше насочен кон тоа да покаже реални резултати и практични решенија.

На штандот беа претставени:

  • EVOLUTION 7405 – вертикален CNC центар за ефикасна работа на ограничен простор.
  • LUMINA 1594 – автоматска кантерица за врвна обработка на ивици.
  • SPRINT 1329 Multi – флексибилна кантерица со повеќепрофилна обработка.
  • EPICON 72355-осен CNC центар за комплексна и прецизна обработка.
  • TECTRA 6120 – брз и стабилен кројач за панели, дизајниран за сигурно и прецизно сечење.

Нашиот штанд беше место каде што технологијата и идеите се сретнаа. Големиот број посетители и нивниот интерес покажаа колку е важно да се вложува во модерно производство. Секој разговор, прашање и демонстрација беа можност за инспирација и нова соработка.


Завршни впечатоци од саемот во Белград

Саемот во Белград беше дел од нашата заложба за континуирано присуство и активна улога во развојот на дрвната индустрија.
Ваквите настани помагаат во директна комуникација со пазарот, следење на трендовите и подобро разбирање на потребите на клиентите.
Со секое учество создаваме нови контакти, стекнуваме искуства и градиме поцврста основа за понатамошен развој.

Yugoimpex/NОVОDRЕVО остануваат насочени кон модерни технологии и континуирана поддршка на клиентите.
Овие настани отвораат нови можности за соработка, раст и развој на целата индустрија.

YUGOIMPEX на саем во Белград

YUGOIMPEX ќе учествува на меѓународниот саем на машини и алати за дрвната индустрија во Белград, од 8 до 12 октомври 2025 година.

Како официјални застапници на HOLZ-HER за Србија, ќе ги прикажеме најновите решенија преку демонстрации во живо, претставувајќи технологии за ефикасност, прецизност и продуктивност.

За сите кои сакаат да бидат дел од саемот, YUGOIMPEX ќе обезбеди бесплатни карти.
Контакт: 070 271 368 / 070 355 150


Кои машини и технологии ќе бидат претставени?

Новиот Glu Jet PUR PRO

PUR лепилата под целосна контрола – 75% помалку чистење и до 20% заштеда на лепило.

glujet put pro


LUMINA 1594

LUMINA 1594

Напредна кантерица, дизајнирана да ги исполни највисоките стандарди за прецизност и квалитет на обработка.

epicon 7135

EPICON 7135

Компактен и ефикасен 5-осен CNC центар, идеален за прецизни и комплексни производствени операции.

Sprint 1329 multi

SPRINT 1329 multi

Мултифункционална кантерица која обезбедува флексибилност и врвни резултати.

TECTRA 6120 classic

TECTRA 6120

Автоматски панелен кројач, познат по неговата брзина и е осмислен за ефикасна обработка на плочест материјал.

Evolution 7405

EVOLUTION 7405

Компактно CNC решение од HOLZ-HER што носи максимална ефикасност и заштеда на простор во производството.


Видете одблизу зошто Holz-Her е синоним за иновација и прецизност!

Ќе ни биде чест да Ви ги претставиме иновативните и патентирани решенија на HOLZ-HER и заедно да ја откриеме иднината на дрвната индустрија.

Преку внимателни презентации во живо ќе инспирираме нови идеи, ќе отвориме можности за соработка и ќе покажеме зошто HOLZ-HER е вистинскиот избор за секој погон или работилница.

Обезбедете ја вашата бесплатна карта за саемот во Белград – јавете се на 070 271 368 / 070 355 150

SPRINT 1329 multi, кантерица од HOLZ-HER

sprint 1329 multi

Во современото производство на мебел, прецизноста, брзината и автоматизацијата се клучни фактори за конкурентност. SPRINT 1329 Multi е високо технолошка кантерица што комбинира повеќепрофилна обработка, невидливи споеви и напредна дигитална контрола – сè во една компактна машина.


Мултифункционален модул за обликување

  • Она што ја издвојува SPRINT 1329 Multi е револверскиот мултифункционален модул кој овозможува врвна прецизност и целосна флексибилност. Со едноставен избор на програма, машината автоматски преминува од еден радиус на друг или изведува закосен раб под45°, без потреба од рачни подесувања. Ова решение значи дека производителите можат брзо и ефикасно да се приспособат на барањата на клиентите, без застој и со минимално време за подесување.
  • Благодарение на овој систем, SPRINT 1329 multi обезбедува постојан квалитет, сигурен процес и можност за работа со најразлични материјали и дизајни, што ја прави идеална машина за модерни производствени погони каде што брзината и прецизноста се подеднакво важни.

Glu Jet – квалитет на спој без компромис

  • Интегрираниот Glu Jet систем овозможува работа и со EVA, и со PUR лепила, без разлика дали се во гранули или патрони. Со неговата напредна технологија се постигнува совршено чист и невидлив спој (zero joint), кој е исклучително отпорен на влага и високи температури. Брзото загревање, минималното време за подготовка и едноставната промена на лепак му даваат на производителот слобода да преминува од еден материјал или боја на друг без застој, што ја прави машината идеален избор за динамично производство со високи стандарди на квалитет.

Прецизно заоблување на агли

  • За да се постигне висок естетски стандард, corner rounding модулот со двојни мотори ја завршува обработката на аглите во истиот работен циклус. Така се добиваат чисти линии и конзистентен изглед, без потреба од дополнителни операции.

Интелигентна контрола и автоматизација

  • Edge Control Touch интерфејсот со NC-оски овозможува сите единици да се поставуваат автоматски според избраната програма. Дополнително, iTronic функциите ја оптимизираат количината на лепак, притисокот и параметрите на работа – гарантирајќи постојан квалитет и минимално време за пренаместување.

ECO MODE

  • SPRINT 1329 Multi автоматски ја намалува потрошувачката на енергија со исклучување на моторите и грејачите во мирување, овозможува брзо повторно активирање за околу три минути и обезбедува значителни заштеди, правејќи ја машината поефикасна, поекономична и поеколошка без компромис во квалитетот.

Погледнете го видеото за SPRINT 1329 multi

SPRINT 1329 multi | кантерица со високи перформанси

Технички податоци SPRINT 1329 Multi
Вкупна должина (mm) 5740
Тежина (kg) 2,000
Брзина на подавање (m/min) 10 – 18
Работни димензии
Минимална должина на парче (mm) 160 (во зависност од материјал и дел)
Минимална ширина на парче (mm) 60
Дебелина на парче (mm) 8 – 60
Ширина на кант (mm) 0.4 – 8 (до 15)
*Техничките податоци се индикативни. Машините на HOLZ-HER се предмет на континуиран развој и може да се променат без претходна најава.

Како до подетални информации за SPRINT 1329 multi од HOLZ-HER?

За сите прашања и информации околу SPRINT 1329 multi слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

    LUMINA 1594 – индустриска кантерица од HOLZ-HER

    Lumina 1594

    LUMINA 1594 е дел од серијата LUMINA Industry и претставува високопродуктивна кантерица со должина од 6,5 m. Машината ги комбинира LTRONIC ласерското лепење и Glu Jet PUR системот за лепење, со што овозможува невидливи и водоотпорни споеви.

    Оваа комбинација на технологии обезбедува брзо и економично лепење со максимум 60 mm дебелина на работното парче и до 20 mm ширина, без видливи фуги, дури и кај материјали како MDF и композитни панели.


    Што нуди оваа кантерица?

    За целата LUMINA индустриска серија:

    • Системи LTRONIC и Glu Jet за невидливи фуги.
    • iTronic – интелигентна автоматика која ги прилагодува притисокот, количината на лепак и другите параметри.
    • LED дисплеј за лесна ориентација на операторот.
    • Делови со дебелина до 60 mm и кант траки со ширина до 20 mm.

    Самата LUMINA 1594 нуди дополнително:

    • Невидлив спој со ласерско лепење и водонепропустлив спој преку Glu Jet.
    • Интегрирана мултифункционална единица за сечење и обликување канти.
    • Интуитивна работа преку 21,5” touch екран.

    iTronic – интелигентна автоматика

    iTronic пакетот ги автоматизира клучните елементи на машината, овозможувајќи константен квалитет без рачна интервенција:

    • Адаптивен притисен валјак што ја прилагодува сила во зависност од дебелината на кант траката, спречува вибрации и ги намалува истрошувањата.
    • Автоматска единица за притисок со синхронизиран погон и NC‑серво оски која се приспособува на брзината и го коригира притисокот за секој материјал.
    • Контрола на количина на лепак – системот автоматски дозира PUR или EVA лепак според материјалот, дебелината и брзината на внес, со автоматско чистење по завршувањето.
    • Сензор за преостаната количина лепак што покажува колку метри обработка преостануваат, оптимизирајќи го процесот на чистење.

    ECO MODE – Интелигентна заштеда на енергија: Паметен систем кој автоматски ја намалува потрошувачката на електрична енергија во периоди на мирување, со што се намалуваат трошоците за струја.


    Погледнете го видеото за LUMINA 1594

    LUMINA 1594 кантерица со Ltronic за ласерско кантирање

    Технички податоци LUMINA 1594 со Glu Jet automatic
    Вкупна должина A (mm) 7460
    Вкупна должина со воздушна маса и продолжен излез B (mm) 8960
    Ширина x висина (mm) 1368 x 2223
    Тежина (kg) 4000
    Брзина на подавање (m/min) 10 – 25
    Минимална должина на парче (mm) 140
    Минимална ширина на парче (mm) 60
    Дебелина на парче (mm) 8 – 60
    Ширина на кант (mm) 0,4 – 8 (15)

    Како до подетални информации за LUMINA 1594 од HOLZ-HER?

    За сите прашања и информации околу LUMINA 1594 слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

    Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

      EPICON 7135 – 5‑осен CNC центар

      epicon 7135

      Во светот на дрвната индустрија, 5 осните CNC центри стануваат се’ поактуелни и неопходни, особено кога станува збор за комплексни облици, вградени елементи и серии на масив или панели. EPICON 7135 е одличен пример за тоа како современата CNC технологија може да ги надмине класичните предизвици со прецизност, динамика и иновативен дизајн.


      Предности и клучни функционалности

      Висока прецизност и динамика

      • Глава со 5 оски, течно ладење и керамичките лежишта овозможуваат стабилна и прецизна обработка со минимален шум и абење дури и при високи оптоварувања.

      Флексибилни опции за фиксирање и манипулација на делови

      • Конзолната табела, LED визуелното подесување (VISE LED Table) и SynchroDrive автоматското позиционирање значително го поедноставуваат процесот на фиксирање и позиционирање. Ова е особено важно при работа со големи панели, рамки и сложени профили.

      Голем работен волумен

      • EPICON 7135 овозможува обработка на делови со висина до 300 мм, а благодарение на големиот Z-опсег од 565 мм, може лесно да се справи и со обемни елементи како рамки, столбови или декоративни форми.

      Интегрирано дупчење и жлебење

      • Вградената глава (со 14, 21 или 31 вретено) и пилата за жлебање ги олеснуваат операции како задни панели, отвори за брави, шуплини и гнезда. Со ова се зголемува ефикасноста и ја намалува потребата за дополнителни машини.

      Интелигентно следење и безбедносни системи

      • ChipControl сензорот овозможува мониторирање на вибрациите и температурата на вретеното во реално време, со со сигнали за преоптоварување или можни дефекти. SafeDetect системот го зголемува нивото на безбедност, овозможувајќи операторите да работат без класични безбедносни огради или теписи.

      Програмирање и дигитализација

      • CAMPUS софтверот со 3D симулација и DXF-импорт го олеснува програмирањето и го намалува ризикот од грешки. Додека viaCockpit и viaCondition овозможуваат далечински надзор на производството.

      Погледнете го видеото за EPICON 7135


      Каде EPICON 7135 навистина доаѓа до израз?

      Производство на мебел и фурнири

      • Особено во случаи кога се бара комбинација од глодање, дупчење, жлебење и обликување на рамки или панели во еден сет-ап.

      Изработка на врати и рамки

      • Обработка на сложени форми, жлебови и отвори за шарки и брави, како и декоративни детали.

      Столбна и конструкцијии за скали

      • Обликување и обработка на елементи за скали, рамки, декоративни рамки.

      Делови од масивно дрво и структури со голема дебелина

      • Благодарение на работната висина и стабилноста, EPICON 7135 е погоден и за обработка на поголеми и тешки дрвени елементи, како столбови или декоративни рамки.

      Мали работилници со ограничен простор

      • EPICON 7135 SpaceSaver верзијата, која нуди напредни функции без да зазема премногу простор во работилницата.

      ECO MODE – поголема ефикасност, помали трошоци

      ECO MODE интелигентно ја прилагодува потрошувачката на енергија според активноста во процесот, со што се избегнува непотребно трошење при мирување. Овој пристап директно придонесува за намалување на оперативните трошоци и реална заштеда на средства, додека во исто време се одржува стабилна и ефикасна работа.


      Технички податоци EPICON 7135 – 5-осен CNC центар
      Димензии на обработка во X-насока (mm) 3.680 | 4.580 | 5.480 | 6.380 | 7.280
      Димензии на обработка во Y-насока (mm) 1.500
      Ход во Z-насока (mm) 565
      Макс. висина на обработка во Z-насока (mm) 300
      Главна обработувачка единица 13 kW, 5-осна глава, безконечна ротација, течно ладење, 1.000–24.000 o/min
      Опција: 18 kW 5-осна глава со PRO-TORQUE технологија, течно ладење, 1.000–24.000 o/min
      Векторска брзина 142 m/min
      Безбедносна опрема 3-полна сигурносна ограда, опционален Safety Bumper & SafeDetect
      Поддршка за работен елемент 6 конзоли, 4 обработувачки полиња, 16 стопи, 4 помошни граничници
      Опција: VISE-LED сто, SynchroDrive сто
      Бушилка 3,0 kW, 14 вретена (10 вертикални / 4 хоризонтални), трупец во X-насока
      Опции: 21 вретено (15 V / 6 H) или 31 вретено (25 V / 6 H), трупец во X-насока
      Оси на ротација C-оска ротација: ± 360°
      A-оска ротација: ± 180°
      Вакуумска пумпа 100 m³/h, сув режим
      Опција: 140 или 250 m³/h пумпа

      Како до подетални информации за EPICON 7135 од HOLZ-HER?

      За сите прашања и информации околу EPICON 7135 слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

      Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

      Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

        LUMINA 1598 индустриска кантерица од HOLZ-HER

        industriska kanterica lumina 1598

        Индустриска кантерица, за чекор понапред во вашето производство

        LUMINA 1598 е врвна индустриска кантерица од HOLZ-HER, која со својата технологија и автоматизација го подигнува стандардот за финиш во дрвната индустрија. Дизајнирана за максимална ефикасност, оваа кантерица комбинира модерни карактеристики кои обезбедуваат беспрекорен резултат и поголема продуктивност.


        Клучни предности:

        1. Совршени невидливи споеви (Invisible Joints)

        • LUMINA 1598 нуди двојна технологија: Glu Jet за залепување и LTRONIC (ласерско лепење) за создавање невидливи споеви.

        2. Водоотпорни и прецизни завршетоци

        • Glu Jet системот овозможува употреба на PUR лепак за трајна, водоотпорна врска, додека LTRONIC обезбедува бесшумен, брз и прецизен процес со минимална потреба за чистење.

        3. iTronic – интелигентна автоматизација

        • Со до 30 NC серво‑оси, iTronic технологијата автоматски ги регулира нивото на лепак, притисокот, па дури и распоредот – овозможувајќи брзи промени и нула грешки.

        4. Ефикасен и економичен

        • Автоматското чистење на PUR лепак се активира со еден допир и обезбедува чиста и сигурна работа.
        • Сензорот за останат лепак го известува операторот за метрите што може уште да се обработат.

        5. Мултифункционалност и лесно ракување

        • LUMINA 1598 располага со две единици за сечење, специјализирана единица за полирање на агли и дополнителен модул за изработка на жлебови. Контролата се врши преку 21.5‑инчен touch-screen контролен панел со LED приказ.

        6. Интелигентен систем за енергетско управувањеECO MODE

        Интелигентниот систем за енергетско управување ECO MODE кај HOLZ-HER машините не само што придонесува за заштита на животната средина, туку овозможува и значителна заштеда на вашите финансиски средства.


        Погледнете го видеото за LUMINA 1598


        Технички податоци LUMINA 1598 со Glu Jet automatic
        Вкупна должина A (mm) 8590
        Вкупна должина со воздушна маса и продолжен излез B (mm) 10090
        Ширина x висина (mm) 1368 x 2223
        Тежина (kg) 4700
        Брзина на подавање (m/min) 10 – 25
        Минимална должина на парче (mm) 140
        Минимална ширина на парче (mm) 60
        Дебелина на парче (mm) 8 – 60
        Ширина на кант (mm) 0,4 – 15 (20)

        Како до подетални информации за LUMINA 1598 од HOLZ-HER?

        За сите прашања и информации околу LUMINA 1598 слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

        Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

        Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

          Совршен „home office“со Blum решенија

          Работата од дома стана нова норма. Просторот во кој работиме влијае на сè — од продуктивност до инспирација. Затоа, создавањето оптимален home office бара внимателен избор на компоненти што комбинираат дизајн, функционалност и технологија.

          Blum, достапен преку Yugoimpex, нуди решенија што го претвораат секој домашен агол во ефективна, организирана работна зона.


          Како изгледа паметно организиран „home office“?

          • LEGRABOX фиоки: минималистички дизајн, максимална организација
          home office

          LEGRABOX се фиоки систем кои се истакнуваат со тенки страници и модерен праволиниски дизајн. Нудат максимален капацитет и стабилност, со совршено тивко лизгање. Идеални за складирање документи, канцелариски материјали и техничка опрема, овозможува уреден и практичен работен простор што одговара на секој стил.


          • TANDEM водилки: прецизност и стабилност

          Во уредувањето на модерна домашна канцеларија, секој детал е важен – и функционално, и естетски. TANDEMBOX antaro се издвојува со својот елегантен и правоаголен дизајн, овозможувајќи создавање на минималистички и уреден простор. Благодарение на прецизната геометрија на страните и самата фиока, добивате решение што беспрекорно се вклопува во секоја канцеларија со чисти линии и современ изглед.


          • AVENTOS HK-XS: компактно отворање за горни шкафчиња
          AVENTOS HK XS

          AVENTOS HK-XS е систем за вертикално отворање на мали горни корпуси – совршено решение над бирото или во тесни канцелариски зони. И покрај компактните димензии, механизмот нуди цврстина, стабилност и целосен пристап без да зазема дополнителен простор.


          • AMPEROS AC: електрична енергија – скриена и секогаш достапна
          AMPEROS AC

          Во модерното „home office“, потребата за напојување е постојана, но визуелниот неред од кабли не е добредојден. Со AMPEROS AC, добивате интегриран приклучок од 230 V, скриен во самата фиока или полица.
          На пример, печатачот може да биде поставен во фиока со MOVENTO водилки, внатрешно поврзан преку AMPEROS AC – достапен кога ќе се отвори, целосно скриен кога не е во употреба.


          REVEGO — перфектна солуција за вашата домашна канцеларија

          REVEGO

          Малкумина од нас го имаат луксузот да поседуваат посебна просторија како нивна канцеларија. За среќа, домашната канцеларија може да биде секаде во вашиот дом со џебните системи на Blum. Откако завршивте со работниот ден, со леснотија претворете ја вашата канцеларија во просторна дневна соба. Предните врати на REVEGO целосно се преклопуваат и совршено го организираат просторот. Со лесен и мек допир отворете и затворете го просторот кога ви е најпотребно.


          PULL OUT SHELF LOCK – за подобра функционалност во вашата канцеларија

          home office- pull out shelf lock

          Во динамичниот ритам на работа од дома, удобноста е клучна. Pull-out shelf со функција за закочување, во комбинација со TANDEM водилки, обезбедува стабилност и сигурно задржување додека е извлечена, без ризик од ненадејно затворање. Идеално решение за канцелариски материјали и работни површини што често ги користите, внесувајќи ред и професионалност во домашната канцеларија.


          Комбинирањето на овие решенија овозможува:

          • Стилски и функционални LEGRABOX фиоки
          • Совршено тивко и мазно движење со TANDEMBOX водилките
          • Оптимален пристап до горни елементи со AVENTOS HK-XS
          • Чиста естетика, скриено напојување со AMPEROS AC
          • Флексибилно затворање и отворање на просторот со REVEGO
          • За подобра функционалност со PULL OUT SHELF LOCK
          • Минималистички дизајн, максимална практичност

          Сето тоа, со проверен Blum квалитет, достапно преку Yugoimpex.


          Време е за ново ниво на home office“

          Создадете простор што одговара на вашите навики и потреби – не само визуелно, туку и функционално. Со LEGRABOX, MOVENTO, AVENTOS HK-XS и AMPEROS AC, „home office“, решението станува тивко, скриено, паметно и стилски уредено.

          За комплетни решенија и професионална поддршка, Yugoimpex е вашиот сигурен партнер за сè од Blum. Контактирајте нè на 070 271 368 за повеќе информации, совети или понуди прилагодени на вашите потреби.

          Glu Jet PUR PRO – Иднината на PUR кантирањето

          Glu Jet PUR PRO – нова ера во PUR кантирањето

          GluJet pur pro

          Кажете збогум на несовршените споеви, долготрајното чистење и скапите застои. Револуционерниот Glu Jet PUR PRO од HOLZ-HER ја носи најнапредната технологија за PUR кантирање со Glu Jet технологија која ќе го трансформира вашиот процес на изработка на мебел!

          • Совршени споеви – секој пат

          Со иновативната thin film технологија, остварете беспрекорни рабови и совршени споеви, што го подигнува квалитетот и изгледот на вашите кабинети и мебел на ново ниво.

          • Максимална ефикасност, минимално одржување

          Работете до целата работна недела со PUR лепак во машината без прекини за чистење, благодарение на напредната вакуум технологија во Glu Jet PUR PRO која го одржува лепакот свеж и подготвен, намалувајќи ги трошоците и зголемувајќи ја продуктивноста.

          • Прецизна и безбедна апликација на лепак

          Патентираниот систем со 3-кратно греење ја топи точната количина лепак и ја нанесува со голема прецизност, загревајќи се за само 3 минути за побрза работа.

          • Леснотија при работење и брзо одржување
          • Брзо чистење со 90° вртење на апликацискиот систем
          • Автоматско прилагодување на висината
          • Сензорски контролирана автоматска промена и полнење на лепакот
          • Компатибилност со водечките HOLZ-HER кантерици

          Glu Jet PUR PRO совршено се вклопува со моделите ACCURA, SPRINT и AURIGA за врвен перформанс на вашите машини.


          Зошто PUR кантирање со Glu Jet технологија е водечко решение?

          PUR kantiranje

          Полиуретанскиот (PUR) лепак обезбедува врвна отпорност на вода и топлина, што е клучно за мебел во кујни и бањи. HOLZ-HER Glu Jet системот инјектира нисковискозен PUR длабоко во материјалот, создавајќи издржлива и цврста врска. Хемиското стврднување гарантира долговечност и висока отпорност.

          Предности:

          • Водоотпорност без конкуренција
          • Висока отпорност на топлина
          • Брзо лепење и силна врска
          • Визуелно беспрекорен спој

          КарактеристикаGlu Jet PUR PROКонвенционални системи
          Квалитет на нулти спојСовршена и невидлива површинаНерегуларни споеви, доработка
          Издржливост на лепакДо цела работна недела без чистењеЛепакот се стврднува за 48 часа
          Напор за чистење75% помалку благодарение на вакуумПотребно често испирање и чистење
          Трошоци за материјалДо 20% заштедаГолеми загуби поради чистење
          Леснотија при користењеАвтоматска контрола, брза променаРачни прилагодувања
          Трошоци за одржувањеНамалена потрошувачка, лесен сервисВисоки трошоци и често одржување

          Прилагодени лепаци за секој декор и примена

          Glu Jet системот ги обработува сите видови лепак, за идеален резултат:

          • Бел EVA лепак за светли декори
          • Бел PUR лепак за водоотпорен мебел со светли бои
          • Нeутралeн EVA лепак за темни декори
          • Прозрачeн PUR лепак за водоотпорен темно обоен мебел

          Како до подетални информации за Glu Jet PUR PRO од HOLZ-HER?

          За сите прашања и информации околу Glu Jet PUR PRO контактирајте нѐ на: 070 355 150

          Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

          Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

            Welcome to Yugoimpex. We supply woodworking machines, CNC technology, and industrial solutions across the region. Contact us for more information.

            WEINIG SOLID RIP K 610 – Повеќелисен циркулар

            SOLID RIP K 610 povekjelisen cirkular

            Зошто SOLID RIP K 610 е идеален повеќелисен циркулар?

            Откријте ја моќта на SOLID RIP K 610 – индустриска машина дизајнирана за врвна ефикасност, флексибилност и максимален поврат на материјалот. Со висина на сечење до 140 mm, овој повеќелисен циркулар е совршено решение за производители кои не прифаќаат компромис кога станува збор за квалитет и продуктивност.

            Благодарение на можноста за користење до 6 подесливи пили, SOLID RIP K 610 овозможува извонредна адаптивност при различни производствени задачи, со прецизно прилагодување според материјалот и намената. Со ширина на обработка до 610 mm и брзина на довод до 80 m/min, оваа машина е создадена за сериозно производство, каде секоја секунда и секој сантиметар се важни.

            Опремена со интелигентна технологија и стабилна конструкција, SOLID RIP K 610 претставува идеална инвестиција за современи производствени погони кои бараат максимална продуктивност, минимален отпад и сигурни резултати во секоја серија.


            povekjelisen cirkular

            Клучни предности на WEINIG SOLID RIP (RaimannLine технологија):

            Прецизен довод со двострана призматична водилка

            • Без празнини – стабилен и точен транспорт на материјалот
            • Прецизно сечење без вибрации
            • Долг работен век благодарение на специјални легури

            Подвижни пили – минимален отпад

            • До 4 подвижни пили за прилагодување на секоја даска
            • Намалување на просечен отпад од 8%
            • Значително помали трошоци за суровина и складирање
            • Комбинации на фиксни и подвижни пили за максимална флексибилност
            • Идеално за just-in-time и мали серии

            SafetyPlus – сигурност без компромис

            • Вклучено во секој WEINIG повеќелисен циркулар
            • Патентирана Kevlar заштитна завеса
            • Дополнителна заштита покрај стандардната завеса
            • Максимална безбедност за операторот

            Погледнете го видеото за SOLID RIP K 610


            Технички спецификации – WEINIG SOLID RIP K 610

            Макс. ширина на сечење610 mm
            Ширина на ланец630 mm
            Макс. број на подвижни пили6
            Макс. влезна ширина (стандард/опција)960 mm (1,110 mm)
            Макс. висина на сечење со водилкаСо притисна плоча: 125 mm
            Без притисна плоча: 140 mm
            Макс. висина со подвижни пилиСо притисна плоча: 110 mm
            Без притисна плоча: 125 mm
            Мин. должина со притисна плоча (опција)500 mm (320 mm)
            Макс. брзина на довод (опција)48 m/min (80 m/min)
            Моќност на мотор (опција)55 kW (110 kW)
            Број на притисни ролери (опција)4 (6)
            Брзина на подесување на пили (опција)300 mm/сек
            Дијаметар на пила (мин./макс.)250 mm / 400 mm
            Тежина5,700 kg
            Димензии (должина x ширина x висина)2.2 x 2.7 x 2.0 m
            Работна висина850 mm
            Дијаметар на издув350 mm
            Барана брзина на извлекување30 m/sec
            Баран волумен на извлекување10,400 m³/h
            Quickfix
            Mastercut контролиОпција
            Пневматски горен притисокСтандард
            Електрично подесување на висина (вратило)Стандард
            Електрично подесување на висина (притисна единица)Стандард
            Ланец со високи перформансиСтандард
            Заби (Spikes)Опција
            Ласер на машини со подесливи пили (M)Стандард
            Ласер на машини со фиксно вратилоОпција

            Како до подетални информации за SOLID RIP K 610 од WEINIG?

            За сите прашања и информации околу машините на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

            Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

            Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

              SOLID CUT PF 500 од WEINIG

              SOLID CUT PF 500

              SOLID CUT PF 500 е дел од палетата на автоматски должински оптимизери веќе речиси две децении и со текот на годините стекна заслужена репутација како моќна, флексибилна и безбедна машина за сечење. Благодарение на опремата приспособена на потребите на производот, интуитивното ракување и едноставното одржување, оваа машина е идеална за практична употреба и поддржува безброј компании во оптимизираното надолжно сечење.

              SOLID CUT PF 500 главно се користи за прецизно сечење даски, летви, ленти и други материјали со различни форми и површини, на зададени должини. Во зависност од потребите и производниот капацитет, машината е достапна во повеќе конфигурации. Меѓу опциите се и странична работна маса со потиснувач за автоматско исфрлање на исечените парчиња, како и систем за директно превртување на готовите делови во контејнер за понатамошна обработка или складирање.

              Овие практични опции значително ја зголемуваат ефикасноста на работа со еден оператор, правејќи ја пилата незаменлив партнер во производството за оптимизација на трошоците.



              SOLID CUT PF 500 – Совршената комбинација на прецизност, брзина и сигурност во сечењето.

              • До 4x поголема продуктивност во споредба со другите машини
              • Автоматска операција – значително намалени трошоци
              • Цврст позиционирачки потиснувач за стабилно и прецизно сечење
              • Речиси без одржување – долготрајна работа без застои
              • Можност за дополнителна опрема според вашите производствени потреби
              • Безбедност при работа на највисоко ниво согласно најновите стандарди, со вградени безбедносни заклучувачи, контролни копчиња и заштитен капак за сигурност на операторот.
              • Непрекинато производство – потиснувачот е целосно заштитен, со челично зајакнување и минимално истегнување на ременот
              • Максимална вредност – најмал отпад, а највисок квалитет, благодарение на целосната оптимизација на машината

              Технички спецификации на SOLID CUT PF 500

              Спецификација Стандардно Опционално
              Моќност на моторот5.5 kW7.5 kW
              Дијаметар на пила500 mm
              Отвор за пила35 mm
              Мин. висина на сечење10 mm
              Макс. висина на сечење100 mm120 mm
              Мин. ширина на сечење20 mm
              Макс. ширина на сечење300 mm
              Работна висина1000 mm
              Прецизност на позиционирање+/- 0.5 mm
              Тежинаприбл. 1650 kg
              Електрична поврзана моќностприбл. 7-11 kW
              Потрошувачка на воздухприбл. 125 Nl/min
              Работен притисокмин. 6 bar
              Брзина на извлекувањеприбл. 30 m/s
              Волумен на извлекувањеприбл. 1300 m³/h

              Како до подетални информации за OptiCut S 50 од WEINIG?

              За сите прашања и информации околу машините на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

              Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

              Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!