Од каде доаѓа нашата инспирација?

инспирација

Сакаме да ве прашаме, отприлика колку често ги отварате и затварате кујнските вратички? Колку кујнски елементи поседувате и колку чекори сте направиле дневно во неа?

Тимот на истржување на Blum покажa изненадувачки факти и барања кои луѓето ги имаат за една модерна кујна. Кои беа резултатите? Практични идеи и нови функционалности не само во кујната, туку насекаде во домот.    

Секој од вас е извор на инспирација

Кога се создават и развиваат нови производи на Blum, инспирацијата и иновацијата се добива од самите корисници и кои се нивните потреби. Со овој пристап се создаваат нови и иновативни решенија кои генерираат нови придобивки и предности во секојдневното живеење. Затоа Blum има свој тим на истражување кој е создаден за сите ваши барања и подобрување и оптимизирање на вашето секојдневие. 

Веќе многу години, тимот на истражување од Blum патува низ светот за да црпи инспирација. Потребите на сите нас и како го помнуваме денот во кујнта. Покрај многу анализи во многу земји ширум светот откривме единствени барања. Тоа беа висококвалитетни кујнски системи кои ќе обезбедат задоволство кај самите клиенти и долг животен век на мебелот.

Функционални решенија, фокусирани на подобро живеење

Без разлика каде и како го поминувате времето во вашиот дом, секогаш вашиот мебел е под постојано оптоварување, дури на начини кои не ви се познати. Кога во вашиот дом би имале системи на подигање, и иновативни водилици и кога предните делови во вашата кујна би се отварале со еден допир, со помош на системот BLUMOTION, вашата удобност и квалитет во секојдневното живеење би се подобрила.

Факти кои тимот на истражување ги откри

Луѓето секојдневно во своите кујни просечно одат 460 метри!

Една типична кујна со храна, кујнски прибор и прибор за јадење тежи дури 250 килограми.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Како до квалитетно влечење на вашите полици?

Обезбедете квалитетно влечење на вашите полици. Квалитетот на живеење не го одредува само дизајнот, туку и самата практичност.

Затоа Blum разви практично отварање и затварање за вашите полици со MOVENTO и TANDEM водилиците. Oвој дискретен механизам кој заштедува простор безбедно ја држи полицата.

Универзални примени

obezbedete kvalitetno vlechenje

Каде и да сте, дали во вашата кујна, бања, дневна соба или спална, секогаш вашата полица останува безбедно отворена благодарение на стоп механизмот за заклучување. Дозволете си врвен квалитет и леснотија со додатните технологии за движење како BLUMOTION и TIP-ON.

Лесни и безбедни за употреба

Системот на затварање безбедно се активира на двете страни. Кога е целосно извлечена, полицата цврсто стои. Нејзиното ослободување се прави многу едноставно со една рака, благодарение на синхронизираната врска. За отклучување едноставно подигнете ја рачката и полицата се затвара.

Студии 

Секој сантиметар е значаен во вашата канцеларија. Овој систем на извлекување е идеален за складирање на вашите документи и истите секогаш да ви бидат при рака, а со само еден допир вашите документи се враќаат на своето место – во плакарот.

Создадете ваш домашен бар. Овој систем на извлекување ви нуди безбедно држење на вашиот сет за коктели, затоа освежете се и напијте се коктел после напорниот работен ден.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Гответе организирано со кабинетот на Blum

Да се има целосен и брз пристап до се што Ви е потребно во вашата кујна ќе ви го олесни вашето секојдневие. Имањето практичен кабинет ви олеснува да ги чувате вашите зачини блиску до вас и во близина на шпоретот.

кујна

Правилно место за чување на вашите зачини 

Солта, биберот, билките и зачините се главен дел од секоја кујна. Додека готвите во вашата кујна, најважната работа е да имате се на едно место. Свежина на зачините, треба да биде заштитена од влагата и топлината на вашиот шпорет.

Со извлекувањето на вашите фиоки, каде што се сместени зачините се обезбедува јасна видливост и ефикасност за тоа што го барате. Воедно со затворањето на фиоката се спречува замастување или прашина на зачините.

Поголема организација во вашата кујна

Практичните држачи за зачини гарантираат лесна пристапност и обебедуваат вашите тегли да не се стркалаат или да паднат по отварањето на самата фиока.

Во зависност од тоа каков модел поседувате, паметниот држач за зачини може лесно да се извади од фиоката и да се постави на работната плотна.

AMBIA-LINE ви овозможува голем простор и ги држи под агол сите зачини и ви овозможува да го видите името на зачинот без да направите грешка во готвењето.

ORGA-LINE отстранливиот паметен држач може да издржи дури 12 тегли и е достапен во 3 ширини од 300, 400 и 450 mm.

Комбинирајте ги дрвените даски за сечење храна со шишињата.

кујна

Секогаш е добра идеја да имате се на едно место. Чувањето на вашите шишиња со масло и оцет е најдобро да се чуваат веднаш до зачините. Практичниот внатрешен систем со распределби ви гарантира истите да бидат безбедно складирани. Со зголемување на ширината од 300 на 400 mm имате можност за складирање и за вашите даски за сечење.  

Компактен кабинет за зачини дури и за најмалите кујни

кујна

Дали вашата кујна е мала? Немојте да се грижите околу тоа! 

SPACE TWIN компактниот кабинет е солуција која креира место за вашите зачини и шишиња дури и во најмалите кујни.

Со ширина од само 20 cm тесниот извлекувач ги прави дури и најмалите кујни, места со одличен простор за складирање.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

SERVO-DRIVE flex, eлектиричен систем на отварање

Електиричен систем на отварање, вграден во вашиот фрижидер 

SERVO-DRIVE flex

Независно дали вашиот фрижидер се отвара од левата или од десната страна, SERVO-DRIVE flex може да биде вметнат во стандардните ладилници, фрижидери, замрзнувачи и мијалници.

Разновидна примена со SERVO-DRIVE flex

Вградените фрижидери, замрзнувачи и машините за миење садови се во можност да им се вгради SERVO-DRIVE систем и да имаат можност за електрично отворање.

Интелегентни функционалности 

SERVO-DRIVE flex

SERVO-DRIVE flex е добро осмислен систем кој е дизајниран да ги задоволи барањата на секојдневната употреба во кујната. Интелигентните функции овозможуваат лесно ракување со вградените апарати без рачка.

Лесно вградување и инсталација 

За инсталирањето на SERVO-DRIVE не е потребно никакво претзнаење.

Целатата работа е завршена во неколку чекори.

Автоматски самозатворачки систем

SERVO-DRIVE flex

Ако вратата случајно се отвори, иако овој систем е активиран, не дозволува вратата да остане отворна, а со тоа сме сигурни дека врататќе биде затворена

Безбедно активирање

По отворањето, системот се повлекува во погонската единица. Што прави корисникот да нема никаква допирна точка со него. Системот нема да се активира додека вратата не се затвори и не се изврши притисок на предната страна.

Голема заштита 

SERVO-DRIVE flex прави разлика помеѓу кратки допири и доколку сте навалени. Функцијата за заштита спречува случајно активирање на системот и ве прави безбедни секогаш во негова средина.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

SPACE STEP

Со SPACE STEP од Blum созададете мултифункционален дом

Создадете нови простори и бидете еден чекор понапред до вашите горни елементи. Дозволете им на вашите деца да имаат се на дофат со помош на SPACE STEP, мултифункционалниот корпус на долниот елемент кој е во долниот дел во вашата кујна.

Практично со SPACE STEP

SPACE STEP не само што ви овозможува лесна достапност и кај високите елементи, туку создава и дополнителен простор за складирање во долниот дел на вашата кујна или бања. Со ова добивате две решенија во едно.

Компактно и високо 

space step

За вашиот дом да биде компактен, потребно е да го искористите секое мало делче во вашиот дом. SPACE STEP ви дозволува тоа да го направите и на највисоките места во вашата кујна.

Лесно и нежно 

Покрај SPACE STEP, благодарение на технологиите за движење од Blum, Вие ќе можете со леснотија да ги отварате ѕидните корпуси со помош на системот за поддршка за електрично отварање SERVO-DRIVE, а затворањето на вашите елементи направете да биде меко и нежно поради системот BLUMOTION.


Безбедно и иновативно

Space step

SPACE STEP е одлична солуција за вашите најмали кои ќе бидат во можност се сами да дофатат без никаква помош. Самиот систем се активира на тежина од 8 килограми, а со помош на анти-лизгачкиот систем безбедно го стационира и затвара во една позиција. 

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

4 чекори до перфектно место за складирање

Обмислени решенија за елементи кои зафаќаат минимален простор, додека ќе го максимизираат складирањето и ќе ви создадат нови простори.

Идејата и агендата на Blum е да се создадат нови простори во вашиот дом за кои сте помислиле дека не се можни!

Space Tower од Blum

Space Tower

Решенијата за сите ваши кујнски предмeти и кујнска опрема и менаџментот со просторот за истите го добивате со Space Tower на Blum. Решенијата се достапни во било која висина, ширина и длабочина. Истите одговараат на вашите лични потреби и да обезбедат оптимален простор за складирање и да ви ја олеснат секојдневната работа во вашиот дом. Фиоките може да се отвораат поединечно, обезбедувајќи јасна видливост и лесен пристап до сите намирници. Со SPACE TOWER прилагодете ги сите ваши домашни простории, според ваша желба.

Space Step од Blum

  • Паметните решенија кои создаваат повеќе простор на два начина:

Прво, скриениот Space Step ви дава пристап до повисоките места. Со ништо не ве спречува да поставите високи елементи за дополнителен простор за складирање. Второ, можете да складирате ретко користени предмети во долната фиока. Друга практична придобивка е тоа што SPACE STEP им дава на вашите деца безбедна платформа, платформа на која можат да застанат и да посегнат по работните површини или мијалниците.

Space Twin од Blum

4 чекори до перфектно место за складирање

Овој тесен елемент ни овозможува складирање на преостанатите зачини и другите намирници. Кога се инсталира во близина на работната плоча и шпоретот, SPACE TWIN гарантира дека работите се веднаш при рака и ви го поедноставува работното време во вашата кујна. И покрај неговата тесна конструкција, кабинетот е стабилен и може да се складираат дури и тешки шишиња.

Space Corner од Blum

4 чекори до перфектно место за складирање

Blum, ви нуди разновидни солуции за секој измислен агол во вашиот дом.

Достапни во најразлични висини и ширини, се оптимизира секој простор кој сакате да е во употреба. 

Целосната екстензија на SPACE CORNER од Blum ви обезбедува лесен пристап до се што е во фиоката, без разлика дали се работи за прибор за јадење или сте складирале нешто друго. Длабоките фиоки ви помогаат да се зголеми просторот за складирање и да се спречи паѓање на предметите од задниот дел од кабинетот.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

AVENTOS-lift систем

Невројатен опсег на lift системи

Внесете квалитет во движењето на вашите горни елементи со помош на подигачкиот систем на AVENTOS. Овој систем овозможува лесно отварање дури и на горните врати. Неговата практичност му дозволува на секој поединец слободно движење.

Супериорна леснотија во отварањето и затварањето 

TIP-ON

AVENTOS со помош на интергрираниот BLUMOITION, го прави отварањето и затворањето сосема ново искуство за вас и секако додава нова флексибилност во вашиот дом. За да си олесните уште повеќе со цел да ги отварате вашите горни елементи само со допир, тогаш ви го препорачуваме подигачкиот систем со движечка технологија како SERVO-DRIVE или TIP-ON

Задржете во која позиција и да посакате

Прилагодете ја висината на вратата од вашиот горен елемент како Вам ви одговара. Авентосите се лифт системи, кои овозможуваат вратата да стои во саканата позиција, а воедно да биде на дофат за да може да се затвори.

Хармоничен дизајн за вашите ѕидни и нормални корпуси

Aventos

Дали вашиот кујнски дизајн е фокусиран на хоризонтлните линии?

AVENTOS ви овозможува да ги усогласите линииите на горниот елемент со оние на долните елементи за да создадете непрекинат елегантен изглед.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

ORGA-LINE/AMBIA-LINE

Ораганизирајте ги вашите садови и прибор за јадење како што посакувате

Дали сакате вашата маса да биде поставена во најбрз можен рок?

Или пак со леснотија да ја испразните вашата машина за садови без никакви дополнителни движења?

Ако сте заинтересирани, тогаш овој систем за внтарешна поделба е вашето иднo решение во вашиот дом!

Вашиот прибор за јадење, садовите и пластичните садови се во иста преграда, така што сè е на дофат, а вашите задолженија во кујната ќе се сведат на минимум и се ќе ви биде олеснето.  

Компактна и уредна фиока во вашиот дом 

Практичните системи за внатрешна поделба ORGA-LINE и AMBIA-LINE го одржуваат вашиот кујнски прибор секогаш организиран и блиску до вас. Нивната флексибилност е на највисоко ниво бидејќи можат лесно да се прилагодат на ширината на фиоката, а нивната издржливост е неспоредлива со другите фиоки на пазарот.

Чувајте ги вашите чинии безбедно 

Складирањето на вашите чинии никогаш не било поорганизирано и побезбедно.

Со помош на држачот на Blum кој може да складира дури 12 тањири зголемете ја брзината и вашата ефикасност во кујната.

Поголемо ниво на организираност  

Ставете крај на неорганизираните пластични садови во вашата кујна. Со флексибилната внатрешна ограда организирајте ги пластичните садови и нивните капаци брзо и лесно. На овој начин максимално искористете го просторот, а со тоа донесете ја посакуваната ефикасност и ред во вашата кујна.

Повеќенаменска функција

ORGA-LINE и AMBIA-LINE

Можностите на овие фиоки не завшуваат тука. Сенаменската функција на фиоките ORGA-LINE и AMBIA-LINE е тоа што ги прави овие фиоки единствени во својата категорија. Организирајте го вашето “accessories” катче по ваш крој, а вашите пенкала, ножички и тефтери нека бидат во ваша близина и најблиску до дофат.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Идеи за вашата домашна канцеларија

Идеи за домашна канцеларија

Работењето од дома стана новото нормално за многу луѓе во текот на изминатите години. Работата од вашата домашна канцеларија има различни предности и недостатоци, но секако и предизвици кои се клучни во вашето секојдневие.

Клучното прашање е како да го создадете вашиот идеален работен простор за да бидете најпродуктивни?

Собравме многу корисни совети кои ќе ви помогнат како да го претворите вашето досадно канцелариско катче во продуктивен работен простор за многу кратко време.

 Најдете го совршеното место во домот

Најдете го најмирното место во вашиот дом каде што ќе бидете изолирани од секаков вид непотребна бучава и звуци кои ќе ви пречат во процесот на работа. Обидете се да ги елиминирате сите звуци кои ќе ви го пролонгираат и одвлекуваат вниманието. Вашата цел е да си дадете солидна основа за да се фокусирате на вашите работни обврски.

Размислувајте за вашата комоција

Да започнеме со мал совет.

Започнете со движења и секако промена на вашата позиција со цел да го раздвижите вашето тело и зглобови во текот на работниот ден. Доколку вашиот буџет дозволува, наместете ja висината на бирото да биде прилагодена на вашето тело. Со ова ќе добиете оптимална, просторна и работна површина.

Креирајте оптимален простор за складирње 

Смачено ви е од нередот на вашето биро и непотребно трошите време во барање на вашиот канцелариски прибор? Се чувствувате непродуктивни кога вашето биро е преполно и тонете во неорганизираност?

Денес, за среќа постои голем избор за практични фиоки кои ќе ви помогнат за поголема организираност на вашето биро. За среќа ние сме тука да ви предложиме неколку идеи кои би одговарале за секој буџет и секој простор. 

Мобилната “Office Tower”, за секој помал дом и помал простор

Идеи за домашна канцеларија

Мобилната кула на Blum-Оffice Tower, ви обезбедува доволно простор за вашиот лап топ и  вашиот канцелариски прибор, а ќе ви одзема минимален простор во вашиот дом.

Поради тркалцата, оваа кула станува мобилна со што целиот ваш канцелариски прибор и лап топ ќе можете да го поместите каде и да посакате. 

Мулти функционален простор за простори со средна големина

Вградениот систем за подигање на “Office Tower” обезбедува лесен пристап и одлична организација. Организирајте ги вашите документи, папки и канцелариска опрема во посебните екстензии со внатрешни системи и полици и уживајте во вашата организираност во текот на денот. 

За дискретна организиција и нов функционален простор тука е “pocket” ситемот на Blum-REVEGO 

Идеи за домашна канцеларија

Доколку сакате нови функционални можности во вашиот дом, кои ќе ги добиете со само еден допир и сокриете на иститиот начин за вас го имаме новиот REVEGO “pocket” систем на Blum. Овој систем кој има двојна или единечна врата, при неговото отварање ви нуди сосема нови хоризонти и функционални простори кога е отворен. Со само еден допир вашата домашна канцеларија претворете ја во дневна соба и вратете го нејзиниот сјај.

AVENTOS LIFT системите за секојдневни придобивки 

Идеи за домашна канцеларија

Дали сакате работна соба во која се ќе ви биде при рака?

AVENTOS системите се дискретни и секогаш достапни за вас и создаваат лесно достапен простор за складирање. Во моментот кога ќе завршите со вашата работа, претворете го вашиот работен простор во дневна просторија.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

AVENTOS HKi

Интегриран лифт

Со неговиот компактен и тесен дизајн, AVENTOS HKi може целосно да се интегрира во страната на корпусот. Неговиот дизајн кој овозможува непречено вклопување во секаков тип на мебел, ќе ви донесе целосено нов естетски изглед во домот.

Почувствувајте слобода

Водете се по минималистичкиот изглед.

Увидете дека понекогаш помалку значи повеќе, а за AVENTOS HKi тоа е околу 750 cm³– добро наполнета чаша пилевина, за да се создаде шарката на овој интегриран лифт. Добијте поголема кративна слобода во вашиот дом и создадете нови иновативни дизајни на мебел.

Невидлива елеганција 

AVENTOS HKi

Интегрираниот лифт систем е целосно невидлив кога е затворен, дури и ако неговиот преден дел е од стакло, а видливите делови на AVENTOS Hki изгледаат елегантно со onyx црна боја.

Функционалност комбинирана со висока технологија

Технологијата на овој интегриран ситем е вметната во страничниот корпус кој дава целосна искористеност на просторот, вклучувајки вратичката на овој систем да стои во секоја позиција.

Целосна слобода во дизајнот

AVENTOS HKi е толку тесен што монтирањето може да се користи во страничните хаптери на елементот со дебелина од само 16 mm. Димензиите ви даваат многу креативна слобода и може да се користат сите стандардни висини и длабочини. Висина до 600 mm и широчина до 1800 mm.

Преден дизајн

Симетрично инсталираните механизми за подигнување обезбедуваат флексибилност и решенија за се што би одбрале како предни делови со тежина до 18 kg. За кој материјал ќе се одлучите – дрво, медијапан, стакло со тесни или широки алуминиумски рамки, природен камен, керамика или бетон? Добивате одврзани раце за да уживате во вашата креативност со AVENTOS HKi.

Полу-интегрирано затварање со капак 

Имате можност да го инсталирате AVENTOS HKi како полу-интергрирана решение, со механизмот за подигање кој вклучува и капак за затварање на механизмот. Капакот за затварање е достапен во свиленкасто бела боја, светло сива или темно сива боја. Имате и можност сами да го прилагодите вашиот AVENTOS со сопствен бренд елемент или лого.

Поголема удобност со технологиите за движење

AVENTOS HKi

BLUMOTION механизмот за меко затварање ви обезбедува секогаш затварањето да биде меко и без никаков напор. За системите без држачи, нашиот најтесен систем за подигање исто така може да се комбинира со технологијата за движење TIP-ON.

Ѕидни кабинети со нови решенија

AVENTOS HKi

Овие елементи можете да ги комбинирате со уметнички скулптури кои ќе дадат посебен шмек каде и да се поставени во вашиот дом.

Направете го вашиот дом вистинско ремек-дело со помош на стаклените AVENTOS HKi системи и оставете ги вашите гости воодушевени при самото влегување во вашата дневна соба.

Со AVENTOS HKi можете да ги имплементирате овие механизми со висина до 600 mm и ширина до 1800 mm. Со овие димензии направете го вашиот дом, место од соништата.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270.

Нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.