Идеи за вашата домашна канцеларија

Идеи за домашна канцеларија

Работењето од дома стана новото нормално за многу луѓе во текот на изминатите години. Работата од вашата домашна канцеларија има различни предности и недостатоци, но секако и предизвици кои се клучни во вашето секојдневие.

Клучното прашање е како да го создадете вашиот идеален работен простор за да бидете најпродуктивни?

Собравме многу корисни совети кои ќе ви помогнат како да го претворите вашето досадно канцелариско катче во продуктивен работен простор за многу кратко време.

 Најдете го совршеното место во домот

Најдете го најмирното место во вашиот дом каде што ќе бидете изолирани од секаков вид непотребна бучава и звуци кои ќе ви пречат во процесот на работа. Обидете се да ги елиминирате сите звуци кои ќе ви го пролонгираат и одвлекуваат вниманието. Вашата цел е да си дадете солидна основа за да се фокусирате на вашите работни обврски.

Размислувајте за вашата комоција

Да започнеме со мал совет.

Започнете со движења и секако промена на вашата позиција со цел да го раздвижите вашето тело и зглобови во текот на работниот ден. Доколку вашиот буџет дозволува, наместете ja висината на бирото да биде прилагодена на вашето тело. Со ова ќе добиете оптимална работна површина за вашата домашна канцеларија.

Креирајте оптимален простор за складирње 

Смачено ви е од нередот на вашето биро и непотребно трошите време во барање на вашиот канцелариски прибор? Се чувствувате непродуктивни кога вашето биро е преполно и тонете во неорганизираност?

Денес, за среќа постои голем избор за практични фиоки кои ќе ви помогнат за поголема организираност на вашето биро. За среќа ние сме тука да ви предложиме неколку идеи кои би одговарале за секој буџет и секој простор. 

Мобилната “Office Tower”, за секој помал дом и помал простор

Идеи за домашна канцеларија

Мобилната кула на Blum-Оffice Tower, ви обезбедува доволно простор за вашиот лап топ и вашиот канцелариски прибор, а ќе ви одзема минимален простор во вашиот дом.

Поради тркалцата, оваа кула станува мобилна со што целиот ваш канцелариски прибор и лап топ ќе можете да го поместите каде и да посакате. 

Мулти функционален простор за простори со средна големина

Вградениот систем за подигање на “Office Tower” обезбедува лесен пристап и одлична организација. Организирајте ги вашите документи, папки и канцелариска опрема во посебните екстензии со внатрешни системи и полици и уживајте во вашата организираност. 

За дискретна организиција и нов функционален простор тука е “pocket” системот на Blum-REVEGO 

Идеи за домашна канцеларија

Доколку сакате нови функционални можности во вашиот дом, кои ќе ги добиете со само еден допир и сокриете на иститиот начин за вас го имаме новиот REVEGO “pocket” систем на Blum. Овој систем кој има двојна или единечна врата, при неговото отварање ви нуди сосема нови хоризонти и функционални простори кога е отворен. Со само еден допир вашата домашна канцеларија претворете ја во дневна соба и вратете го нејзиниот сјај.

AVENTOS LIFT системите за секојдневни придобивки 

Идеи за домашна канцеларија

Дали сакате работна соба во која се ќе ви биде при рака?

AVENTOS системите се дискретни и секогаш достапни за вас и создаваат лесно достапен простор за складирање. Во моментот кога ќе завршите со вашата работа, претворете го вашиот работен простор во дневна просторија.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Blum шарки: CLIP top BLUMOTION

sarki yugoimpex

Интергриран BLUMOTION во шарката 

Овие шарки обезбедуваат ефикасност која гарантира меко и без никаков напор затворање на вратите од вашиот елемент. Со шарките CLIP top BLUMOTION, секое движење е тивко и контролирано, овозможувајќи долговечност и удобност во секојдневната употреба. Тие се идеален избор за оние кои бараат врвен квалитет и функционалност во нивниот мебел.

Blum шарки за перфектно движење 

sarki blum

Мекото затворање во овие шарки се прилагодува на динамичноста на секоја врата. Без разлика дали е широка или тесна, лесна или тешка, шарките секогаш гарантираат мазно и безбедно затворање. За BLUM, дизајнот не е само функционален, туку и естетски извонреден, што го прави CLIP top BLUMOTION една од најдобрите шарки на пазарот.

Креирање на нови можности

  • Шарката од 110° ви овозможува да ја поставите на подебели врати до 24 mm. Новата точка на отварање спречува судир со предниот раб на елементот кога вратата е отворена.

Плитка длабочина на бушење на шарката

  • Шарката на CLIP врвот BLUMOTION 107° бара импресивно мала длабочина на дупчење (само 11,5 mm). Значи, шарката е погодна за тенки длабочини на вратите од 15 mm или повеќе.

Добриот дизајн нуди повеќе можности

sarki blum

За Blum, дизајнерската елеганција претставува совршена комбинација на функционалност и форма. Тоа е она што го прави CLIP top BLUMOTION толку извонреден.

Кои се способностите на овие шарки

  • 125° отварање, идеални за врати дебели 32mm, особено погодни за бањи.
  • Шарки со агол на отварање од -50° до +50° за флексибилна инсталација.
  • Опција за шарки со 170° отварање.
  • 155° шарки погодни за внатрешни прегради, како дел од системот SPACE TOWER.
  • Специјални шарки за тенки врати со дебелина од само 8mm.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

AVENTOS HKi

Интегриран лифт

Со неговиот компактен и тесен дизајн, AVENTOS HKi може целосно да се интегрира во страната на корпусот. AVENTOS HKi Ви овозможува непречено вклопување во секаков тип на мебел, а со тоа ќе добиете целосено нов естетски изглед во домот.

Водете се по минималистичкиот изглед.

Увидете дека понекогаш помалку значи повеќе, а за AVENTOS HKi тоа е околу 750 cm³– добро наполнета чаша пилевина, за да се создаде шарката на овој интегриран лифт. Добијте поголема креативна слобода во вашиот дом и создадете нови иновативни дизајни на мебел.

Невидлива елеганција 

AVENTOS HKi

Интегрираниот лифт систем е целосно невидлив кога е затворен, дури и ако неговиот преден дел е од стакло, а видливите делови на AVENTOS Hki изгледаат елегантно со onyx црна боја.

Функционалност комбинирана со висока технологија

Технологијата на овој интегриран ситем е вметната во страничниот корпус кој дава целосна искористеност на просторот, вклучувајки вратичката на овој систем да стои во секоја позиција.

Целосна слобода во дизајнот

AVENTOS HKi е толку тесен што монтирањето може да се користи во страничните хаптери на елементот со дебелина од само 16 mm. Димензиите ви даваат многу креативна слобода и може да се користат сите стандардни висини и длабочини. Висина до 600 mm и широчина до 1800 mm.

Преден дизајн

Симетрично инсталираните механизми за подигнување обезбедуваат флексибилност и решенија за се што би одбрале како предни делови со тежина до 18 kg. За кој материјал ќе се одлучите – дрво, медијапан, стакло со тесни или широки алуминиумски рамки, природен камен, керамика или бетон? Добивате одврзани раце за да уживате во вашата креативност со AVENTOS HKi.

Полу-интегрирано затварање со капак 

Имате можност да го инсталирате AVENTOS HKi како полу-интергрирана решение, со механизмот за подигање кој вклучува и капак за затварање на механизмот. Капакот за затварање е достапен во свиленкасто бела боја, светло сива или темно сива боја. Имате и можност сами да го прилагодите вашиот AVENTOS со сопствен бренд елемент или лого.

Поголема удобност со технологиите за движење

AVENTOS HKi

BLUMOTION механизмот за меко затварање ви обезбедува секогаш затварањето да биде меко и без никаков напор. За системите без држачи, нашиот најтесен систем за подигање исто така може да се комбинира со технологијата за движење TIP-ON.

Ѕидни кабинети со нови решенија

AVENTOS HKi

Овие елементи можете да ги комбинирате со уметнички скулптури кои ќе дадат посебен шмек каде и да се поставени во вашиот дом.

Направете го вашиот дом вистинско ремек-дело со помош на стаклените AVENTOS HKi системи и оставете ги вашите гости воодушевени при самото влегување во вашата дневна соба.

Со AVENTOS HKi можете да ги имплементирате овие механизми со висина до 600 mm и ширина до 1800 mm. Со овие димензии направете го вашиот дом, место од соништата.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270.

Нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

OFFICE TOWER, вашата мобилна канцеларија

Барате идеи за домашна канцеларија, а имате ограничен простор?

Трендот за работа и студирање од дома се зголемува. Поради тоа многумина од вас сонуваат да имаат своја мала и функционална канцеларија во која се ќе имаат на дофат.

Голем дел од канцеларискиот мебел зафаќа голем простор, а со самото тоа се губи од флексибилност во просторот во кој ќе ги извршувате ваште работни обврски.

Office Tower е погодна дури и за најмалите домови. Мобилното биро е евоулирана форма на стоечкото биро и го максимизира просторот за лаптопи, канцелариски материјали на мала површина. Масата која поседува тркала може да се движи, а тоа ви дозволува лесно движење во домот. Вградените карактеристики гарантираат функционалност кога фиоките се отвораат истовремено. Вашите пенкала, бележници, документи и корици за датотеки се секогаш достапни кога ви се најпотребни.

Desktop Tower е паметен дизајн кој создава преносно складирање и обезбедува моментален пристап до основните работи за работа.

Најдоброто нешто за канцеларискиот кабинет со тркала е тоа што одговара дури и  во најмалите домови и е одличен избор за работа од дома.

Office Tower ви овозможува брзо и лесно да ја поставите вашата домашна канцеларија и веднаш да започнете со своите работни обврски.

Мобилна канцеларија, со убав изглед и мултифинкционалност

Без разлика дали ви е потребна домашна работна канцеларија, или биро за вашите за деца да ги извршуваат домашните задачи. Office Tower е идеален „канцелариски асистент“кој може да се имплементира со различни системи за фиоки и лизгачки системи. Решението на кабинетот е генијална комбинација на стандардни производи на Blum, а висината на кабинетот може да се прилагоди за да одговара на корисникот.

Лесен за креирање благодарение на неговите најразлични можности

Office Tower е развиен од експерти на одделот за истражување на Блум. Секоја компонента е внимателно поставена и одбрана за да се обезбеди оптимална функционалност. Фиоките се отвораат наизменично на спротивните страни за подобар пристап и нивна стабилност e загарантирана. Горната маса лесно се лизга настрана, со што ја открива дополнителната работна површина. Ова значи дека не мора да ги отстранувате работите од работната маса за да стигнете до лаптопот под неа. Со други зборови, мобилната работна површина е и ваш канцелариски кабинет.

Дизајнот може да се прилагоди за да ги задоволи потребите на сите корисници, независно дали нивната примарна рака е лева или десна. Oд вас зависи изборот на полици и дали ќе бидат полици од затворен или отворен тип.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270 или пак посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Space Tower од Blum

SPACE TOWER – мултифункционален кoрпус за секого

Space Tower Blum

Blum Space Tower – што го прави практичен?

  • Висок елемент со внатрешни фиоки за подобра организација
  • Секоја фиока се отвора поединечно
  • Прегледност од три страни
  • Лесен пристап без дополнително поместување
  • Нема оптоварување од отворање на целиот елемент

Организација според вашите потреби

  • Прилагодливо растојание помеѓу фиоките
  • Простор за високи предмети (шишиња, кутии)
  • Можност за плитки фиоки за помали работи
  • Распоред што се менува според навиките на користење

Димензии што одговараат на секој простор

  • Лесно вклопување во различни конфигурации на кујна
  • Достапен во повеќе ширини
  • 300 mm – за компактни кујни
  • 600–1200 mm – за поголеми домаќинства

Совет: Екстра длабоките фиоки го максимизираат достапниот простор за складирање.

Основен елемент за складирање

Space Tower Blum

Практично складирање со фиоки

Основата на Blum Space Tower се пространи фиоки кои овозможуваат јасна и организирана поставеност на намирниците.

  • Флексибилни внатрешни прегради за подобра организација
  • Безбедно складирање на отворени пакувања
  • Лесен и брз пристап до секој производ

Стабилност и капацитет

Длабоките фиоки овозможуваат едноставно редење и стабилно чување на содржината.

  • Сè останува на своето место, дури и при честа употреба
  • Носивост до 70 kg по фиока
  • Непречено лизгање и при поголеми оптоварувања

Прилагодливост во димензиите

  • Системот може да се вклопи во различни кујнски решенија.
  • Може да се прилагоди според просторот и потребите
  • Достапни ширини од 300 mm до 1200 mm

Space Corner кабинет за поделба на вашите намирници

Доколку имате желба вашите намирници да ги чувате во аголен кабинет, тогаш SPACE CORNER е совршениот избор за вас. Со Space Corner аголните фиоки се отвораат индивидуално, а пространите фиоки обезбедуваат јасна видливост и лесен пристап.

Можете лесно да видите на прв поглед кога нешто треба да се надополни. Исто како стандардните фиоки, фиоките можат да бидат опремени со флексибилни внатрешни прегради. Oвој аголен елемент доаѓа во различни висини и ширини.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

LEGRABOX individual

Твој личен LEGRABOX individual, врвот на персонализацијата.

Дизајнирајте на свој начин со нашиот систем LEGRABOX individual. Измешајте бои и материјали, користете опции за печатење, ласерски текстури и втиснување, за да додадете сопствени дизајни и да создадете уникатен мебел што ќе ги воодушеви вашите клиенти и секако и вас самите.

Минималистичко чувство за стил

Малите детали можат да имаат големо влијание во нашата домашна средина, особено со минималистички дизајни. Со LEGRABOX individual добивате можност белата надворешност на страната на фиоката да се издвојува, наспроти дрвената текстура на предното челото. Внатрешната страна на фиоката е завршена во суптилен орион сив мат и додава дополнителен сјај на самиот дизајн на фиоката.

Во чест на носталгијата

Со LEGRABOX individual ‘Златното доба’ се враќа, барем кога станува збор за уредување на домашните простории. Страната на фиоката во црн мат е декорирана со уникатна геометриска шема, што придонесува кон високо чувство на ексклузивност и елеганција. Овој дизајн е идеален за современите домови кои бараат елемент на уникатност и рафиниран стил, додавајќи совршен баланс помеѓу модерноста и класичната убавина.

Вистинска посветеност за природен изглед

Лесното дрво создава чувство на свежина и удобност во секоја просторија. Црните кујнски островски елементи даваат остар контраст со скандинавскиот стил. Двете се визуелно поврзани со мат орион сива фиока со релјефен дел.

Додатоци за LEGRABOX individual

Комбинирање на Legrabox individual фиоките со различни додатоци по ваш избор кои ќе го разубаваат вашето секојдневие според вашите замисли.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270 или пак посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

REVEGO, совршениот ѕид од Blum

REVEGO

REVEGO системите се многу едноставни за имплементација и покрај самата сложеност на овој иновативен систем. Самите системи се карактеризираат со леснотија на користење, квалитет и стандарди познати за Blum

Новата категорија на производи наречена џебни системи отвора сосема нови можности за создавање мултифункционален простор. REVEGO, уникатниот систем за џебни врати со целосно интегрирана технологија, ви овозможува да отворите целосно функционални простори во вашиот дом и да ги затворите кога нема да ви бидат потребни. Без разлика дали се работи за опција со една или две врати, предните делови целосно исчезнуваат во наменската, тесна преграда на кабинетот.

Планирајте лесно со REVEGO

Стандардната џебна ширина го прави планирањето многу поедноставно. Без разлика дали станува збор за опција со една или две врати, REVEGO ви дава неограничени можности кога станува збор за дизајнирање во вашиот домашен простор, независно дали е тоа вашата кујна, дневна или друго посакувано место.

Решение подготвено за инсталирање

REVEGO

REVEGO решението на Blum ги поседува сите есенцијални и вградени компоненти во овој џебен систем. Ова значи дека нема проблем со испорака на поединечни делови или нивно склопување кај клиентот. Наместо тоа, можете лесно однапред да го составите високиот кабинет во вашата работилница или фабрика и едноставно да го испратите производот до крајниот корисник.

Лесно составување

REVEGO е систем со брза и лесна инсталација:

Монтирајте и инсталирајте ги предните плочи и шини, направете брзи прилагодувања – и тоа е сè!

Сокриј сè, набрзина!

Предните врати на REVEGO целосно се преклопуваат и совршено го организираат просторот. Со лесен и мек допир отворете и затворете го просторот кога ви е најпотребно.

REVEGO – насекаде во вашиот дом

REVEGO

Се повеќе луѓе ги спојуваат своите кујни, спални, дневни и работни простории, бидејки ова се новите барани концепти во модерното живеење. Можноста за брзо отварање на нови функционални простори, а потоа и брзо затварање на истите, создава еден нов концепт на нова и модерна домашна атмосфера.

Ослободете ја вашата креативност и создадете нови и иновативни решенија во вашите мали и големи простории.

Во вашата кујна

Направете ја вашата кујна привлечна: Изложени и прострони работни површини кои со само еден допир се отвораат и затвораат. REVEGO UNO или REVEGO DUO, зависно од вашите потреби.

Перфектна солуција за вашата домашна работа 

Малкумина од нас го имаат луксузот да поседуваат посебна просторија како нивна канцеларија. За среќа, домашната канцеларија може да биде секаде во вашиот дом со REVEGO од Blum. Откако завршивте со работниот ден, претворете ја вашата канцеларија во просторна дневна соба.

Мултифункционална дневна соба

REVEGO od blum

Изборот е целосно ваш! Отворете го мултифункционалниот систем на REVEGO и уживајте во вашата омилена музичка колкеција или само со еден допир имајте организиран простор во вашата дневна соба.

Уживајте во вашиот домашен бар

Завршете го вашиот работен и напорен ден со чаша вино или освежителен коктел. Само еден допир ве дели од ова совршенство во вашиот дом.

REVEGO

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на на: 071 326 270

Или посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

MERIVOBOX фиоки од Blum

MERIVOBOX-платформата за вашите идеи.

Во денешниот динамичен свет, потребата за иновативни и функционални решенија во дизајнот на мебел е постојана. MERIVOBOX претставува револуционерен пристап кон оваа потреба, нудејќи извонредна разновидност и приспособливост. Оваа платформа ви овозможува да креирате фиоки и полици на извлекување што се идеално прилагодени на барањата на секој клиент.

Дизајнирате, изработувате мебел или го уредувате домот?

Тогаш MERIVOBOX е вашето решение. Со оваа платформа, можете да ја искусите слободата на креација, создавајќи уникатни делови кои одговараат на секој простор и стил. Не зависи дали работите на проекти за кујни, спални или дневни соби. MERIVOBOX ви нуди функционалност и стил што се спојуваат за да создадат совршенa хармонија.

Интегрирајќи најсовремени технологии, MERIVOBOX нуди издржливост и ефикасност. Oвие фиоки и полиците се изработени од висококвалитетни материјали, што обезбедува долготрајност и лесна употреба. Со различни опции за дизајн и димензии, вашата креативност може да се развива без ограничувања.

Можноста за персонализација е клучна карактеристика на MERIVOBOX. Вие како корисник можете да изберете од различни бои, материјали и стилови за да ги задоволите сите ваши идеи и потреби на вашите клиенти. Покрај тоа, едноставноста на инсталацијата и одржувањето на овие фиоки и полици ги прави идеални за секојдневна употреба.

Како до подетални информации?

Побарајте детални информации за MERIVOBOX денес и добијте предност во имплементацијата на новите системи. Со MERIVOBOX, вашите идеи не се само возможни, туку и остварливи. Овозможете си да ги остварите сите вашите креативни визии и да создадете простори кои зрачат со уникатност и функционалност.

Започнете ја вашата авантура со MERIVOBOX денес и трансформирајте ги вашите простори со иновативен дизајн и врвна функционалност.

За повеќе информации и почеток на вашето креативно патување, дознајте повеќе на нашиот контакт телефон 071 326 270 или посетете го нашиот продажен салон кој се наоѓа во Индустриска Зона Визбегово, Качанички Пат број 256, Скопје.