Запознајте сè со Еvolution 7405 PinJet и POWER-PIN 7605 

Еvolution 7405 PinJet

PinJet

Покрај тоа што Evolution 7405 е единствена во својата класа, таа поседува нов патентиран агрегат за дополнително забрзување на производството. 

Преку специјалниот PinJet агрегат, можете истовремено да бушите и набивате типли на едно место. Со едноставно селектирање на “Insert dowel” опцијата, машината прво отвара дупка, потоа ја чисти од пиљевина и на крај ја вметнува типлата во работното парче.

Резервоарот на машината Evolution 7405 PinJet собира приближно од 300 до 400 типли во зависност од нивната должина, а машината автоматски се подесува според должината на истите. 

Запознајте сè со EVOLUTION 7405 PinJet!


POWER-PIN 7605

POWER-PIN 7605 

Кога сме кај целосно автоматизираниот процес во бушењето и типлувањето сакаме да Ви ја претставиме новата POWER-PIN 7605  новитетот на Holz-Her. Овој новитет беше претставен на минатогодишниот саем “LIGNA”, во Хановер, Германија. 

Оваа машина може да работи со типли од 30 mm, 35 mm и 40 mm, а работната ширина на оваа машина дозволува обработка на повеќе парчиња истовремено.

Со  POWER-PIN 7605 целосно ќе се елиминира потребата за рачно вметнување на типли по CNC обработка на парчето. Не само што оваа машина ви нуди компактен дизајн, туку и леснотија во производството. 

Покрај работата со типли, на POWER-PIN можете да отварате дупки за шарки и други видови спојници.

Запознајте сè со POWER-PIN 7605

Скратете еден чекор во процесот на производство и заштедете на време, трошоци и работна сила!

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу револуционерните решенија во дрвната индустрија и како да ги имплементирате, дознајте повеќе на: 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.