Внесете автоматизиција и роботизација и зголемете ја ефикасноста и капацитетот во вашиот погон или фабрика
Систем за складирање панелни материјали STORE-MASTER 5110: Професионален софтвер со интелигентна технологија
Зголемете ја ефикасноста во вашиот погон или фабрика со системот за складирање на панели. Сведете ги трошоците при работа на минимум и максимизирајте капацитетот на производството со помош на интелегентната технологија на Holz-Her!
Системот за автоматизирано складирање на панели HOLZ-HER STORE-MASTER е погоден за различни формати и материјали. Панелите може да се позиционираат од страна на манипулаторот во секаква позиција. Панели во системот за складирање може лесно да се ротираат до 90°, а со тоа се дозволува ротирање во насоката која Вие ја посакувате. Оштетувањето на панелите е исклучено поради автоматското и компјутерско контролирано транспортирање.
Системот гарантира совршено складирање на три нивоа и може да се користи во сите простории со висина поголема од три метри. Овој систем има можност за поврзување на повеќе машини со цел да складирате повеќе!
Внесете целосна автоматизиција вашиот погон или фабрика
RETURN-MASTER 5920: Целосна автоматизација до кантирање на работното парче!
Автоматизацијата станува сè поважна во помалитe работилници за да останат конкурентни и профитабилни. RETURN-MASTER поставува основа за автоматско кантирање, независно од тоа дали се работи за сериско производство или не. HOLZ-HER RETURN-MASTER обезбедува ефикасна работа за едно лице со цел поголемо производливодство и максимална флексибилност.
Пневматската маса за празнење овозможува поголемите работни парчиња лесно да се вадат од страна на операторот на машината. Покрај тоа, погоните и водилките се одликуваат со нивните ниски барања за одржување и исклучително долг работен век. Покрај ниските барања за енергија, дополнителна предност е автоматското прилагодување на брзината.