Product Configurator од Blum

Едноставно. Брзо. Автоматизирано.

Blum Product Configurator на производи Ви помага лесно да го пронајдете вистинскиот BLUM оков за вашите елемeнти. Независно дали сте на компјутер, таблет или телефон, без потреба од инсталации или апдејти. Добијте листи на делови, CAD податоци и целосни информации за планирање според вашата конфигурација. Управувајте со проекти, креирајте свои шаблони и добијте готови резултати со само неколку кликови.

Blum configurator

Добијте листи на делови, CAD податоци и целосни информации за планирање според вашата конфигурација. Управувајте со сите ваши проекти во „My projects“, користете ја функцијата „My library“ за да креирате сопствени кројни шеми и добијте резултати од планирањето со само неколку кликови.
Сè што ви треба за конфигурации на оков, елементи и технологии за движење — на едно место, во Product Configurator.

Добијте листи на делови, CAD податоци и целосни информации за планирање според вашата конфигурација. Управувајте со сите ваши проекти во „My projects“, користете ја функцијата „My library“ за да креирате сопствени кројни шеми и добијте резултати од планирањето со само неколку кликови.
Сè што ви треба за конфигурации на оков, елементи и механизми — на едно место, во Product Configurator.


Што добивате со Product Configurator?

Product configurator

Предности:

  • Брзо и едноставно конфигурирање на вистинскиот BLUM оков – без инсталирање на дополнителен софтвер
  • Креирајте сопствени проекти во: “My library”
    Кој систем на движење го користите (фиоки, шарки, AVENTOS, pocket system-REVEGO)? Кои бои? Кои димензии на елементот? Сочувајте ги овие параметри како шема и користете ги повторно, заштедувајќи време при секое планирање
  • Снимете и управувајте со проектите во: “My projects”
  • Автоматско преземање на комплетни и проверени листи на делови – без ризик од грешки при нарачување
  • Детални резултати од планирањето за полесен дизајн, изработка, монтажа и финално подесување

blum product configurator

Целосна листа на делови

Добивате прегледна и детална листа со целиот потребен оков и додатоци за Вашата конфигурација.

Дизајн цртежи

Добивате детални 2D CAD цртежи од конфигурираниот производ – подготвени за преглед, планирање и интеграција во Вашите проекти

blum product configurator

3D CAD формати

Заедно со деталните листи на делови добивате и корисни информации за монтажа. Преземете ги CAD податоците за Вашите конфигурации во сите вообичаени 3D формати – подготвени за понатамошна работа во Вашиот дизајн.

My library

Користете ја функцијата „My library“ за да создадете сопствени шаблони за планирање.

blum product configurator
my projects

My projects

Различните листи со делови можат да се додадат на Вашите проекти и производствени нарачки во „My projects“ и „My order lists“. Покрај тоа, зачуваните конфигурации можат да се користат повторно, да се прилагодат или копираат во секое време.

Испрати до Yugoimpex

Преземете ја листата со делови или целата страница со резултатите и испратете ја директно до нас.
На овој начин, сите потребни делови се пренесуваат прецизно, брзо и без грешка, а нашиот тим ќе се погрижи за точна обработка на вашата нарачка.

yugoimpex

Погледнете како ќе ви помогне Product Configurator од Blum


Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу Prduct Configurator-от од Blum или од целосната програма на Blum пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Совршен „home office“со Blum решенија

Работата од дома стана нова норма. Просторот во кој работиме влијае на сè — од продуктивност до инспирација. Затоа, создавањето оптимален home office бара внимателен избор на компоненти што комбинираат дизајн, функционалност и технологија.

Blum, достапен преку Yugoimpex, нуди решенија што го претвораат секој домашен агол во ефективна, организирана работна зона.


Како изгледа паметно организиран „home office“?

  • LEGRABOX фиоки: минималистички дизајн, максимална организација
home office

LEGRABOX се фиоки систем кои се истакнуваат со тенки страници и модерен праволиниски дизајн. Нудат максимален капацитет и стабилност, со совршено тивко лизгање. Идеални за складирање документи, канцелариски материјали и техничка опрема, овозможува уреден и практичен работен простор што одговара на секој стил.


  • TANDEM водилки: прецизност и стабилност

Во уредувањето на модерна домашна канцеларија, секој детал е важен – и функционално, и естетски. TANDEMBOX antaro се издвојува со својот елегантен и правоаголен дизајн, овозможувајќи создавање на минималистички и уреден простор. Благодарение на прецизната геометрија на страните и самата фиока, добивате решение што беспрекорно се вклопува во секоја канцеларија со чисти линии и современ изглед.


  • AVENTOS HK-XS: компактно отворање за горни шкафчиња
AVENTOS HK XS

AVENTOS HK-XS е систем за вертикално отворање на мали горни корпуси – совршено решение над бирото или во тесни канцелариски зони. И покрај компактните димензии, механизмот нуди цврстина, стабилност и целосен пристап без да зазема дополнителен простор.


  • AMPEROS AC: електрична енергија – скриена и секогаш достапна
AMPEROS AC

Во модерното „home office“, потребата за напојување е постојана, но визуелниот неред од кабли не е добредојден. Со AMPEROS AC, добивате интегриран приклучок од 230 V, скриен во самата фиока или полица.
На пример, печатачот може да биде поставен во фиока со MOVENTO водилки, внатрешно поврзан преку AMPEROS AC – достапен кога ќе се отвори, целосно скриен кога не е во употреба.


REVEGO — перфектна солуција за вашата домашна канцеларија

REVEGO

Малкумина од нас го имаат луксузот да поседуваат посебна просторија како нивна канцеларија. За среќа, домашната канцеларија може да биде секаде во вашиот дом со џебните системи на Blum. Откако завршивте со работниот ден, со леснотија претворете ја вашата канцеларија во просторна дневна соба. Предните врати на REVEGO целосно се преклопуваат и совршено го организираат просторот. Со лесен и мек допир отворете и затворете го просторот кога ви е најпотребно.


PULL OUT SHELF LOCK – за подобра функционалност во вашата канцеларија

home office- pull out shelf lock

Во динамичниот ритам на работа од дома, удобноста е клучна. Pull-out shelf со функција за закочување, во комбинација со TANDEM водилки, обезбедува стабилност и сигурно задржување додека е извлечена, без ризик од ненадејно затворање. Идеално решение за канцелариски материјали и работни површини што често ги користите, внесувајќи ред и професионалност во домашната канцеларија.


Комбинирањето на овие решенија овозможува:

  • Стилски и функционални LEGRABOX фиоки
  • Совршено тивко и мазно движење со TANDEMBOX водилките
  • Оптимален пристап до горни елементи со AVENTOS HK-XS
  • Чиста естетика, скриено напојување со AMPEROS AC
  • Флексибилно затворање и отворање на просторот со REVEGO
  • За подобра функционалност со PULL OUT SHELF LOCK
  • Минималистички дизајн, максимална практичност

Сето тоа, со проверен Blum квалитет, достапно преку Yugoimpex.


Време е за ново ниво на home office“

Создадете простор што одговара на вашите навики и потреби – не само визуелно, туку и функционално. Со LEGRABOX, MOVENTO, AVENTOS HK-XS и AMPEROS AC, „home office“, решението станува тивко, скриено, паметно и стилски уредено.

За комплетни решенија и професионална поддршка, Yugoimpex е вашиот сигурен партнер за сè од Blum. Контактирајте нè на 070 271 368 за повеќе информации, совети или понуди прилагодени на вашите потреби.

COMPACT шарки од BLUM

COMPACT sharki

Шарки за вашиот мебел

COMPACT шарките се скриени шарки специјално дизајнирани за мебелот, нудејќи чист и модерен изглед без видливи елементи при затворена врата. Тие се лесни за употреба и овозможуваат прилагодување по странична оска, висина и длабочина, што значи дека монтажата е едноставна и прецизна.

Овие COMPACT шарки се компатибилни со мали и големи преклопи, што ги прави идеално решение за различни конфигурации на мебел со рамка. Со својата функционалност и флексибилност, овие шарки претставуваат одличен избор за широк спектар на намени во производството на мебел.


Едноставна монтажа

COMPACT sharki

COMPACT шарките се достапни со повеќе опции за прицврстување, со што се прилагодуваат на различни типови на мебел. Благодарение на нивниот интелигентен дизајн, прилагодувањето е лесно и прецизно.

Дополнително, Blum нуди специјализирани машини и шаблони кои ја поедноставуваат и забрзуваат инсталацијата, овозможувајќи професионален резултат без напор.


Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу COMPACT шарките од Blum или од целосната програма на Blum пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

AVENTOS HS top

aventos hs top

AVENTOS HS top – Елегантно и лесно отворање на големи фронтови

Системот за подигање AVENTOS HS top овозможува лесно и тивко отворање на горниот елемент – дури и кај големи, едноделни фронтови. Пристапот до внатрешноста секогаш е непречен, а неговиот дизајн овозможува интеграција и во современи и во класични стилови на мебел.

Безброј можности за дизајн

AVENTOS HS top поддржува димензии на корпуси со висина од 350 до 800 mm и ширина до 1800 mm, овозможувајќи голема слобода во дизајнот и прилагодување според просторот и стилот.

AVENTOS HS TOP
AVENTOS HS TOP
Компактен опсег

Три механизми за подигање за сите примени. Механизмите за подигање и предните држачи се дизајнирани за симетрична употреба, што го прави системот ефикасен и при складирање.

AVENTOS HS aluminiumski front
Алуминиумски рамки
AVENTOS HS drven front
Дрвени фронтови
expando T
Expando Т фронтови

Покривни маски

Покривните маски имаат модерен дизајн и доаѓаат во бела, светло сива и темно сива боја. Прецизната изработка го заокружува системот со стил и функционалност. Совршени се за секој ентериер кој бара минимализам и префинетост. Благодарение на нивната дискретност, се вклопуваат во различни стилови и кујни!

AVENTOS HS top bela

Бела покривна маска

AVENTOS HS top svetlo siva

Светло сива покривна маска

AVENTOS HS top siva

Сива покривна маска


Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу AVENTOS HS top од Blum или од целосната програма на Blum пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

MOVENTO – Софистициран движечки систем 

МOVENTO водилиците за фиоки се софистициран движечки систем за секоја ваша идеја поврзана со дрво, која се одликува ултра лесно движење.

4 димензионалното движење на неговата екстензија ви обезбедува голема стабилност и носивост. Овој неверојатен систем може да се користи со сите 4 технологии за движење. 

Синхронизирано меко и тивко влечење.

Овој систем е познат по неговато лесно движење и бесчујност. Неговите движечки компоненти за отварање и затварање се движат без никаков напор, а неговите ролери обезбедуваат оптимално движење и со голема тежина без напор. 

Иновативна технологија за подобар квалитет во движењето.

Откријте ја подобрената технологија на движење со помош на MOVENTO.

Кога фиоката е отворена, водилицата веднаш преминува во меко лизгање, а благодарение на BLUMOTION механизмот за меко затварање се затвара нежно и без никаков напор дури и ако пробате да ја затворите фиоката посилно.

Одлична стабилност и покрај големата носивост

Со MOVENTO добивате извонредна стабилност и голема носивост. Благодарение на водилицата која може да се монтира на подот, овој систем е идеален за таа намена. Со ова добивате носивост дури од 40 па се до 70 кг.

Каде се може да го користите овој систем?

MOVENTO и во вашата кујна!

Стабилноста и неговата импресивна носивост го прават овој систем идеален за вас и вашите тави и тенџериња и целиот кујнски прибор.

MOVENTO во вашата дневна соба – дали е висок, низок, широк или тесен, може да биде насекаде во вашиот дом.

MОVENTO во вашата спална кадешто ќе можете да складирате се што ви е потребно за вашата спална соба.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

MOVENTO и TANDEM – систем водилици

Квалитетен челик за секоја ваша идеја

MOVENTO и TANDEM

Blum системите за водилици ви даваат создадени од квалитетен челик ви даваат секаква можност и идеја за секако дизајн поврзан со дрво. 

Ви нудиме секаква солуција за секое ваше барање, а тоа се софистицираните MOVENTO и TANDEM водилици кои изобилуваат со нивната разноврсност.

MOVENTO и TANDEM имаат способност да бидат комбинирани со повеќе движечки технологии даваат посебна и зголемена удобност. Нивната инсталација и планирање се одвиваат многу лесно и брзо.

Сенаменски водилици за фиоки од дрвo

MOVENTO и TANDEM

Во зависност од вашите барања, можете да изберете различни опции за вашите фиоки: отворен или скриен систем за тркала, со широк избор на номинални должини, различни видови на извлекување и класи на носивост од 30 до 70 kg. Во случајот со TANDEM, исто така, имате две методи за монтирање од кои можете да изберете. Нашите системи може да се користат со дури 4 технологии за движење за меко и без напор отворање и затворање.

За широк опсег во секоја животна и функицоналана средина

Доживејте несекојдневно искуство со водилиците на Blum. Нивната стабилност и капацитет за носивост им овозможуваат огромна издржливост низ текот на денот.

Тука не застанува нивната сенаменска употреба. Овие водилици можат да се користат во вашата бања, ходник, дневна или спална соба, но независно каде ќе ги инсталирате овие водилици се создадени да креаираат подобар квалитет на вашиот живот.

Подобар квалитет на движење

MOVENTO и TANDEM

Нашите системи изобилуваат со одлични карактеристики. Нивното лесно и тивко лигзање обезбедува секаква леснотија во користењето. Високата стабилност прави подобар и поквалитетен живот.

Системски пристап до квалитет

MOVENTO и TANDEM се дизајнирани да бидат отворени и затворени 100.000 пати.

Цилиндричните најлонски тркалца со ниско триење го спречуваат абењето на металот. Со ова ви обезбедуваме системи за целиот животен век на мебелот.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

SERVO-DRIVE, електричен систем за отворање

Со SERVO-DRIVE технологијата на движење ви носи супер лесно отварање. Со само еден допир вашиот фрижидер или корпус изгледаат како да се затвораат самите, со помош на системот BLUMOTION.

Лесно, меко и без никаков напор отварање 

SERVO-DRIVE

Горните корпуси, фиоки, мијалници и фрижидери можат да се опремат со SERVO-DRIVE со еден допир, независно од нивната тежина.  

Еден систем за целата ваша кујна

SERVO-DRIVE

Создадете кујна која ќе ви обезбедува удобност и инспиративен дизајн. Напревете систем на извлекување во кој ќе нема потреба за никаква рачка и дозволете им на горните елементи и фрижидери да се отворат сами без никаков напор.

Целосна контрола 

Луѓето кои ја користат кујната имаат целосна контрола врз SERVO-DRIVE системот. Доколку се случи дефект на фиоките независно дали се горните елементи или пак на фрижидерот, истите можат да бидат лесно отворени рачно без никаков проблем.

Овој систем може лесно да биде исклучен со копче, а со тоа заштедувате на енергија.

Каде се може да се инсталира SERVO-DRIVE? 

SERVO-DRIVE за AVENTOS-Електричен движечки систем за вашите горните елементи.

SERVO-DRIVE uno има електричен погон што активира сигнал за отворање. Извлекувањата со и без рачки се отвораат со врвна леснотија. Извлекувањата работат слободно за да можат да се запрат во која било положба.

Имајте повеќе слобода за во вашето движење. Само со еден допир на вашето колено, колкот или раката. Нема ништо полесно за отварање со помош на овој систем.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

AVENTOS HK-XS

AVENTOS HK XS blum

Благодарение на тенката конструкција AVENTOS HK-XS, обезбедува огромен простор за дизајнирање на високи вратички за горни елементи, дури и корпуси кои имаат мала ширина. AVENTOS HK-XS е вашата солуција со симетричен механизам за подигнување.

АVENTOS HK-XS за мали и лесни предни вратички користи механизам за едно подигање на едната страна, а доколку се работи за големи и потешки предни врати, се прикачува механизам за подигање на двете страни.

Димензии на вашиот кабинет

AVENTOS HK XS blum

AVENTOS HK-XS е погоден за висина на вратичка од 240 до 600 mm и внатрешна длабочина до 100 мм.

Компактен Опсег 

AVENTOS HK XS blum

3 типа на дигачки системи се потрбни за да ги покријат сите големини на вратички. Механизмите за подигање и предните држачи за прицврстување се дизајнирани за симетрична употреба.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку се заинтересиравте повеќе за производите на Blum од серијата на механизми AVENTOS, прочитајте повеќе тука.

TANDEMBOX antaro, водилици од BLUM

Јасно и правоаголно

Сигурни производи, доследна услуга, ригорозни стандарди за квалитет и наградувани дизајни со постојан развој – ова се темелите на уште еден успешен продукт на Blum. Докажано веќе многу пати, овие водилици од BLUM ја задоволуваat секоја потреба во домот и тоа го правaт со децении.

Докажано милион пати

TANDEMBOX antaro vodilici

Сите апликации на TANDEMBOX antaro се засноваат на докажаниот профил на TANDEMBOX фиока. Способноста на овие водилици за лесно лизгање ги импресионира корисниците со децении. Најлонските цилиндрични ролери со ниско триење се дизајнирани да издржат товар од30 и65kg и да обезбедат извонредно движење.

Водилици со безвременски дизајн

TANDEMBOX antaro се издвојува со својот елегантен и правоаголен дизајн. Ова значи дека можете да постигнете минималистички дизајн директно од страните на фиоката и на самата фиока.

Едноставно монтирање, без никаков алат

TANDEMBOX antaro

Со докажаната технологија-INSERTA, можете брзо, лесно и без потреба и со минимална потреба на алат да ги составувате производите.

Леснотија при отворање и затворање

Технологијата за движење на Blum оковот, обезбедува зголемена леснотија на секојдневно користење. Без разлика дали се механички или електрични, се чини дека фиоките опремени со системите на Blum се отвораат и затвораат сами, што дополнително му даваат посебна естетика на вашиот дом.

TANDEMBOX antaro водилици и нивна примена

TANDEMBOX antaro vodilici

Разноврсноста на Tandembox antaro е тоа што го прави овој производ уникатен. Дали ќе одберете да биде во вашата спална соба, кујна или бања оставаме изборот да биде ваш!

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

TIP-ON за вашите врати

Отварајте лесно со интегрирано прилагодување

Отворете само со еден допир со помош на TIP-ON технологијата на Blum, а за да затворите едноставно притиснете на челото од вратата и таа се затвара.

Прилагодете ја ширината без никаков алат

Функцијата за прилагодување е вградена во самиот систем. Така што и TIP-ON системот кој се монтира без плочка во хаптерот има свое интегрирано прилагодување. За прилагодување на фугата едноставно притиснете го TIP-ON-от и започнете со штелување. 

Палета со голем избор

Благодарние на големата палета на избор со бои и адаптер плочи, секогаш ќе бидете во можност да го најдете вашиот вистински и посакуван избор за TIP-ON и AVENTOS системите за подигање. 

Беспрекорна интеграција 

TIP-ON може да се совпадне во внатрешноста на секој орман. Овој систем доаѓа во 4 различни бои: свиленкасто бела, платинесто сива, карбон црна и лакирана со никел. Со ова TIP-ON ви нуди голема слобода во својот избор на дизајни, кој хармнично ќе се совпаѓа во вашиот внатрешен eнтериер.

Изберете каде ќе го инсталирате овој систем

TIP-ON за вашите врати. Оваа функција нуди многу решенија, а неговото инсталирање се врши дискретно во внатрешноста на орманот. Никаква модификација за ТIP-ON не е потребна доколку е прикачен со адаптер плоча.

Палетата на бои за овој производ е како што кажавме голема и ви нуди простор и можност да одлучите која боја ќе прилега најмногу на вашиот ентериер во домот.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.